ПОВЕЌЕ

    Италија издвојува 200 милијарди евра за гаранција за банкарски кредити

    Време зa читање: < 1 минутa

    30 милијарди евра ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија кои се столбот на италијанската економија, пишува Ројтерс.

    Италијанската државна агенција за заштита на депозити и кредити и нејзината извозна агенција ќе бидат овластени годинава да дадат гаранција за банкарски кредити во вредност од 200 милијарди евра.

    Според владината нацрт – уредба во која увид имала агенцијата Ројтерс, државниот трезор ќе формира наменски фонд од милијарда евра за давање гаранција на банките на кредити наменети за намалување на влијанието на кризата со корона вирусот врз економијата во земјата.

    Британската агенција додава дека од оваа сума, 30 милијарди евра ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија кои се столбот на италијанската економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично