ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ | БЈАНКА КАТРУ: Лидерството е во примерот, а силата е во тимот

    Време зa читање: 8 минути

    Зад секоја успешна компанија стои јасна стратегија, но зад секоја компанија што трае, стојат луѓе кои се чувствуваат вреднувано, слушнато и мотивирано. По повод 10-годишниот јубилеј на М Кеш на македонскиот пазар, отвораме разговор за еволуцијата на компаниската култура, од првите чекори и претприемачкиот ентузијазам, до денешната стабилна и разгранета мрежа од над 60 филијали и повеќе од 200 вработени низ државата.

    Во изминатата деценија, М Кеш не растеше само во бројки, туку и во зрелост, градејќи систем кој ја препознава важноста на луѓето како клучен двигател на одржливиот развој. Токму затоа, човечкиот капитал, довербата и јасните вредности станаа основа врз која се темели нивниот бизнис модел.

    Со Бјанка Катру, заменик извршен директор на М Кеш, разговараме за клучните состојки на нивниот долгорочен успех: како активната грижа за вработените прераснува од бенефит во стратешка неопходност, зошто меритократијата е темел на нивната организациска структура и како се создава работна средина во која талентот не само што доаѓа, туку се развива, напредува и останува.

    ПАРИ: М Кеш одбележува јубилеј 10 години на македонскиот пазар со над 60 филијали и над 200 вработени, кога ќе се навратите на деценијата зад вас, што би рекле дека ја моделираше вашата компаниска култура и HR стратегија?

    КАТРУ: Бидејќи сум во М Кеш од самите почетоци сведок сум на целокупниот раст и развој на компанијата и во насока на бизнис и во насока на човечки ресурс.

    Моите кариерни почетоци во М Кеш беа како менаџер за човечки ресурси и директно бев инволвирана и одговорна за градење и имплементација на HR стратегијата каде во масовната експанзија на компанијата имав мисија и ми беше доверено во раситнетото мнозинство на вработени да го склопам мозаикот на целината низ структура на концентрични кругови во кои поентата беше да се создаде јасна хиерархија каде најспособните и најамбициозните се во центарот, а одговорностите концентрично се шират кон другите сегменти. Нашата цел беше да создадеме синхронизирани позиции на секого, елиминирајќи ги „важните“ и „неважните“ улоги, туку фокусирајќи се на ефективна, конкурентна и прогресивна компанија

    Потекнуваме од MFG Групација, ние сме многу компании и земји но едно семејство. „Човечност, иновативност и одговорност“ се нашите не само компаниски туку и групациски корпоративни вредности кои се распространети во сите наши компании ширум светот, испреплетени со различните култури, но ја задржуваат својата автентичност.

    Кога се грижиме за нашите клиенти и колеги, ние веќе покажуваме одговорност, кон општеството, кон економијата, кон иднината. За нас одржливиот развој значи иновација и раст, но и вредности, одговорност, транспарентност и посветеност на општото добро.

    Ние не сме само бизнис, туку и движечка сила за позитивни промени во нашиот сектор и во општеството како целина. Ги слушаме очекувањата на клиентите и колегите кон нас како организација, ги следиме нивните приоритети кога станува збор за влијанието на нашите компании врз нив и врз општеството во целина. Делуваме човечно, иновативно и одговорно и кон вработените и кон клиентите!

    ПАРИ: Што е тоа што кандидатите и вработените денес го препознаваат како ваша реална предност, а не само дел од оглас? Како привлекувате, негувате и задржувате талент?

    КАТРУ: Денес, кандидатите и вработените многу јасно чувствуваат што е вистинска вредност. Не ги привлекуваат големи ветувања во оглас туку чувството што го добиваат кога ќе нè запознаат одблизу. А она што кај нас го препознаваат како реална предност е културата што ја живееме, а не културата што стои испишана. Со начинот на раководење вработените чувствуваат доверба, затоа што сме искрени, транспарентни и со јасни очекувања.

    Според мене како лидер на раководна позиција многу е важно активното слушање бидејќи лидер кој слуша и разбира, создава средина каде што луѓето се охрабрени да ги споделуваат своите идеи и предлози.

    Мојот пристап е секогаш транспарентен и отворен. Ги поттикнувам искрените разговори и за успесите, и за предизвиците. За мене, менаџирањето значи да им дадеш на луѓето не само задачи, туку и контекст, цел и инспирација зошто тоа што го прават е важно.

    Тука еднакво важен би го дала и фидбекот, навремено и континуирано давање фидбек на вработените е клучно за здрава работна средина, просперитетна и успешна компанија.

    Комуникацијата е клучна во секоја сфера од нашиот живот на тој начин согледуваме дали имаме опасност од заминување на клучен вработен, дали вработените се 100% ангажирани, во која фаза на задоволство се и може да носиме навремени и издржани одлуки.

    Исто така, верувам во моќта на примерот. Ако сакам од мојот тим да биде посветен, енергичен и одговорен, прво јас морам да го покажам тоа секој ден. Лидерството е делување, не титула.

    Ме поттикнува фактот дека со моето работење, делување и менаџирање секојдневно оставам нешто позитивно во моето опкружување, и што е уште по важно го пренесувам соодветно, се прифаќа од околината и сум позитивен пример.

    Денешните професионалци бараат баланс, а ние го препознаваме тоа. Флексибилноста, емпатијата и човечкиот пристап не се бенефити тие се дел од нашиот карактер. Луѓето остануваат таму каде што се чувствуваат добро и тоа е нашата најголема сила.

    ПАРИ: Како изгледа патот на професионален развој во М Кеш – од првиот ден до унапредување? Во што најмногу инвестирате кога станува збор за обуки, менторство и надградување на вештини, и имате ли конкретни примери каде ваквите инвестиции направиле видлива разлика за компанијата?

    КАТРУ: Една од нашите најсилни страни на ниво на групација е можноста за кариерен развој на секој еден вработен кој има потенцијал не само во М Кеш туку и во нашите други компании во МК и ширум светот. Секогаш даваме предност за развој на нашите вработени.

    Индивидуален развој: Клучниот менаџнент на компанијата заедно со одделот за човечки ресурси индивидуално го следи работењето и потенцијалот на секоја единка.

    Меѓународна кариера: Наша задача е да ги идентификуваме силните страни на нашите вработени, инвестираме во нив, работиме со нив по индивидуални програми и им даваме можност да преземат раководни позиции како во компанијата така овозможуваме кариерен развој и во другите земји каде сме распространети како што се Бугарија, Шпанија, Хрватска, Кенија итн.

    Тоа е всушност слика на деловната организација на компанијата како перманентно променлив, адаптибилен, иновативен и мотивациски деловен организам кој непрекинато мора да пулсира во деловниот свет.

    Наша одговорност е да го одржуваме тој пулс и неговото темпо со правилен избор на кадри, нивна правилна селекција, соодветно распоредување и постојано унапредување на индивидуален и тимски развој.

    Навремено ги идентификува промените и новите потреби во деловниот свет се насочуваме и инвестираме во кадарот, и на тој начин компанијата станува огледало на успехот од нашето работење.

    Од тука следејќи ги потребите на вработените и структурите континуирано организираме обуки на нашите вработени низ различни оддели и структури.

    Покрај интерни обуки од страна на човечки ресурси и Одделот за бизнис развој, организираме и надворешни обуки согласно потребите и приоритетите како на компанијата така и на вработените.

    Дополнително во нашата групација имаме Бизнис Академија каде правиме годишни програми со колегите од Бугарија, предноста е нивната експертиза во дејноста и приспособуваме обуки согласно нашите потреби.

    ПАРИ: Еднакви можности, грижа за благосостојбата и простор за раст – како овие принципи се претвораат во конкретни политики и практики во М Кеш?

    КАТРУ: Кај нас еднаквоста започнува од првиот контакт со кандидатот и продолжува низ целата кариера. Негуваме транспарентни процеси на селекција и унапредување. Секој добива ист пристап до обуки, развој и нови одговорности, врз основа на својот потенцијал и резултати.

    Културата ни се базира на меритократија, доверба и рамноправност. Ова создава средина во која секој човек има реална шанса да успее. Благосостојбата не ја сфаќаме како тренд, туку како обврска кон луѓето што работат со нас.

    Конкретно нудиме:

    • Приватно здравствено осигурување
    • Поддршка во значајни животни моменти – ваучери за брак, ваучери за родено дете, слободен ден за прваче, училишни сетови, работа од дома и сл.
    • Динамична, позитивна атмосфера и тимска култура што охрабрува
    • Разбирање, човечност и флексибилност кога е најпотребно

    Ова покажува дека за нас, вработениот не е бројка – туку човек со семејство, живот и потреби.

    Следејќи го работењето на нашите колеги имплементираме соодветни бонусни шеми, финансиски компензации како и признанија, симболични подароци и сл. Во М Кеш, принципите не се само вредности што ги споделуваме туку стандарди што ги живееме.

    Создаваме средина каде што еднаквоста е реалност, грижата е приоритет, а растот е достапен за секој што сака да напредува. И затоа талентот кај нас не само што доаѓа туку и останува.

    ПАРИ: Како мерите дека навистина создавате фер и поддржувачка работна средина за различни генерации, профили и, секако, за идните лидери во компанијата?

    КАТРУ: Тоа го правиме преку неколку јасни показатели. Редовно спроведуваме анкети за ангажираност и задоволство, и правење анализа по структури. Колешките од човечки ресурси редовно спроведуваат и индивидуални разговори со нашите вработени. Овозможуваме на еднакви можности за развој. HR метрика за фер третман прилив и одлив на кадар.

    Бидејќи сме резултатно ориентирана комуникација имаме транспарентен однос со нашите вработени по однос на поставување цели, бонусирање и наградување финансиско и нефинансиско.

    Вклученост на тимовите и вработените во различни профили во проекти и иницијативи. Развој и напредок на идните лидери, преку индивидуални планови и остварени резултати. Овие мерки ни покажуваат дали навистина создававме инклузивна, правична и развојно ориентирана култура во М Кеш.

    Р.П.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично