Како изгледаат работните обврски на еден банкар? Какви специфичности издвојува работата со клиенти? За значењето на Охридска банка и нејзината традиција во Охрид.
Во ова интервју ви откриваме интересни детали за работата во Охридска банка, за изградениот однос со клиентите, за традицијата и вредностите на Банката.
На овие и други теми разговаравме со Билјана Вранишкоска, Раководител на експозитура Охрид – Централа.
Што беше пресудно во твојот живот за да ја донесеш одлуката дека сакаш да градиш кариера во светот на финансиите?
Мојот интерес за финансиите почна да се развива уште од средното економско училиште, за понатаму само да се додефинира на Екомонскиот факултет. Привлечена од една од најдинамичните и најнапредните инсдустрии, исполнета со постојани предизвици за раст и развој, почнав да ја градам својата кариера во Охридска Банка АД Скопје. Mожам со задоволство да кажам дека дека тој порив е уште понагласен и по 12 години искуство.
Веќе дванаесета година си дел од Охридска банка АД Скопје. Почна како референт зa релации со индивидуални клиенти, напредуваше како заменик раководител на експозитура Охрид за да стасаш и до раководната позиција во експозитура Охрид која важи за бастион на Охридска банка. Што е тоа што е карактеристично за Банката во текот на сите години од твоето искуство?
Да се биде дел и сведок на растот на една Банка е привилегија. Водени од начелата за тимски дух, иновативност, посветеност и одговорност изградивме една корпоративна култура со фокусисраност кон клиентот која нè донесе во друштвото на петте најголеми банки.
Уникатниот пристап да се сослушаат потребите на клиентите, да се одржи пријателската врска и да се задржи професионалноста, а сепак да бидат услужени и задоволни од нивната банка е главната карактеристика што опстојува и се надградува постојано.
Охридска банка важи за прв избор на охриѓани, иако конкуренцијата е голема. Што сметаш дека е главна причина за оваа специфика?
Самото 30 годишно опстојување на релацијата банка клиент, создала една нераскинлива врска на сите оние кои изградиле домови, решиле станбени прашања, ги чувале своите заштеди или ги школувале своите деца со помош на својата Банка.
Токму затоа не’ чувствуваат блиски до нив, буквално добивам коментари од клиентите „ова е наша банка“. Нема да звучам нескромно ако кажам дека поимот банка во Охрид, е синоним за Охридска банка.
Следствено нашата одговорност кон нив е уште поголема, бидејќи мора да се оправдаат очекувањата. Ние се трудиме односот да биде повеќе од деловен и да изградиме долгогодишно пријателство.
Кој е најголемиот предизвик во работата со клиенти за еден банкар?
Имјаки ја во предвид осетливоста и важноста на информациите кои се разменуваат на релација банка –клиент, би рекла дека најголемиот предизвик е стекнувањето на довербата на клиентите. Токму довербата е клучниот фактор за успешност на деловниот однос, кој само на тој начин може долгорочно да се развива.
Охридска банка веќе триесет години работи на пазарот како самостојна банка од кои десет години како дел од француската групација Сосиете Женерал, во последната година како дел од австриската Штаермеркише Шпаркасе групација, а во догледно време се очекува спојување на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија во еден голем моќен банкарски ентитет. Како реагираат клиентите на оваа промена?
Морам да признаам дека од почеток се појавија многу нејаснотии меѓу клиентите во врска со приклучувањето кон новата групација. Но, најголемиот охрабрувачки фактор е дека ние сме препознати во очите на јавноста како стабилен и долготраен партнер на сите наши клиенти. Токму тие очекувања и ги оправдуваме во изминатата година со сите пазарни предизвици, глобални случувања, остварувајќи раст на кредитното портфолио, стабилност на депозитната база, но и раст на активните клинти што дополнително зборува за довербата и лојалноста на клиентите кон нашата Банка.