ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата во Турција 85,5%, највисока во последните 25 години

    Време зa читање: 2 минути

    Годишната стапка на инфлација во Турција се забрза во октомври, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 25 години, бидејќи централната банка на земјата се држи со неортодоксен циклус на олеснување на каматните стапки. Индексот на потрошувачките цени – кој го мери она што потрошувачите го плаќаат за стоки и услуги – се зголеми за 85,5 отсто во октомври на годишно ниво, побрзо од растот од 83,5 отсто во септември, според податоците објавени во четвртокот од националната статистичка служба Туркстат.

    Ова е највисока стапка на инфлација од јуни 1998 година. Бројката во голема мера се совпаѓа со предвидувањата од 85,6% на економистите обезбедени од FactSet.

    Растот на годишната стапка на инфлација е поттикнат од повисоките цени на транспортот и на храната и безалкохолните пијалоци, покажуваат податоците.

    Соочувајќи се со компромис меѓу растот и инфлацијата пред изборите во 2023 година, претседателот Реџеп Тајип Ердоган се коцкаше на ултра лабава монетарна политика за да ги поттикне инвестициите и извозот на сметка на забеганата инфлација и влошената макро нерамнотежа.

    Турската централна банка ја намали основната каматна стапка трет последователен месец на 20 октомври. Во своето соопштение банката рече дека ќе го заврши циклусот на намалување на стапките во ноември со конечно намалување на каматната стапка за 150 базични поени на 9,50%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично