
Охрид повторно ќе стане центар на спортската енергија и активниот животен стил. Во пресрет на јубилејното 10-то издание на Охрид ТрчаТ Викенд, на 6 јуни ќе се одржи второто издание на Imlek Impact Warm Up, најголемиот фитнес настан на отворено кој ги обединува љубителите на спортот, рекреацијата и здравите навики. По успешното минатогодишно издание, настанот повторно се враќа на Кеј Македонија пред хотел Палас, носејќи уште побогата програма, повеќе енергија и незаборавна атмосфера покрај Охридското Езеро.
Imlek Impact Warm Up претставува повеќе од класично загревање пред трката. Тој е можност граѓаните и посетителите на Охрид да се активираат, да спортуваат и да бидат дел од заедница која ги промовира движењето, здравјето и позитивниот дух. Настанот во изминатите години прерасна во препознатлив вовед во спортскиот викенд и во место каде што спортот и забавата се спојуваат во едно искуство.
Програмата започнува во 17:30 часот со фитнес активности предводени од познати инструктори и тренери:
• Fire Up – ATG Body Activation со Никола Бошале од Fit Box Охрид
• Move, Tone, Enjoy со Кате Бујароска Анѓелеска од Kate’s Aerobic Ohrid
• Body Combat vs. Zumba со Ристе Јанкоски од ИБ Спорт Центар, Охрид
• Move & Flow со Емилија Колоска од Move & Flow, Охрид
Покрај тренинзите, посетителите ќе можат да уживаат во музичка програма, протеински коктели, подароци и бројни изненадувања. По завршувањето на фитнес делот, од 19:30 часот следува After Party со DJ сет и дружење покрај езерото, со што спортската енергија ќе продолжи и во вечерните часови.
Преку платформата Imlek Impact, Имлек континуирано вложува во промоција на здрави животни навики и поттикнување на физичката активност кај луѓето од сите генерации. Токму затоа, овој настан не е наменет само за спортисти, туку за сите кои сакаат да поминат активно попладне исполнето со добра енергија, мотивација и дружење.
Настанот е отворен за сите и не е потребна претходна регистрација. На 6 јуни, Охрид повторно ќе биде местото каде што ќе се соберат љубителите на движењето и позитивниот животен стил, а Imlek Impact Warm Up ќе биде увертира во уште едно незаборавно издание на Охрид ТрчаТ Викенд.
Аналитика








