ПОВЕЌЕ

    Има работа, нема кадар – празни се 10.247 работни места, се бараат келнери и продавачи

    Време зa читање: 2 минути

    На домашниот пазар на труд има 10.247 слободни работни места, што одговара на стапка од 2,07 проценти. Тоа е состојбата регистрирана од Државниот завод за статистика во првиот годинешен квартал, при што се издвојуваат одредени „жаришта“ во трудоинтензивните дејности. Најголем е недостигот од работна сила во услужните, трговските и логистичките дејности, наспроти енергетиката и јавниот сектор, каде што побарувачката за нови работници е минимална.

    Во секторот сместување и послужување храна околу секое 20-то работно место е слободно, што одговара на стапка од 4,94 проценти. Оваа дејност и понатаму е меѓу најпогодените од недостиг на работна сила, особено во периодите на зголемена туристичка и сезонска активност.

    Високи вредности се забележуваат и во административните и помошните услужни дејности (4,80 %), како и во уметност, спорт и рекреација (2,91 %), транспорт и складирање (2,78 %) и трговија (2,67 %).

    Најмалку слободни работни места има во енергетиката – снабдување со електрична енергија, гас и пареа, со стапка од само 0,15 проценти. Секако, тука е и јавната управа со 0,30 проценти.

    Иако угостителството има највисок процент, најголем апсолутен број слободни работни места имаат трговијата на големо и мало (2.067 позиции) и преработувачката индустрија (2.174 позиции).

    Значаен број отворени позиции има и во административните услуги (1.200), сместување и послужување храна (1.023), транспортот (757) и градежништвото (639).

    Гледано според големината на компаниите, највисока стапка на слободни работни места има кај субјектите со 10 до 49 вработени – 3,05 проценти. Или, малите и средните бизниси се најактивни во сегментот на вработувањата.

    Од регионален аспект, пак, Вардарскиот Регион се издвојува со највисока стапка на слободни работни места од 2,28 проценти, што го става на врвот според динамиката на нови вработувања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично