Вредноста на биткоин денес одеднаш скокна на 11 проценти откако трговците забележаа дека сопственикот на „Тесла“ Илон Маск, ја тагна оваа криптовалута на Твитер.
Маск напишал само „#биткоин“ во својата биографија на таа социјална мрежа.
Тоа беше доволно биткоин да достигне вредност од 37.060 долари за една дигитална монета.