Познатиот бизнисмен и заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија Илија Гечев го прослави својот роденден во друштво на членовите на Клубот 100.
Роденденскиот ручек на Гечев, организиран во скопска кафеана, беше израз на пријателство и обединување на индивидуалните и професионалните постигнувања на членовите на Клубот 100, престижна организација во рамките на Стопанската комора, составена од видни бизнисмени, претприемачи од различни индустрии и сектори на македонската економија.
Гечев, како генерален директор на ИГМ Трејд АД Кавадарци, е долгогодишен член на Клубот 100 и активно придонесува за подобрување на бизнис средината и економските услови во земјата.
Во друштво на Гечев беа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, Кочо Анѓушев, претседател на УО на „Брако Групацијата“, Андреа Јосифовски, претседател на УО на „Макпетрол“, Хари Костов генерален извршен директор на Комерцијална банка и Илија Илоски, главен-оперативен директор на Комерцијална банка.
Фото: Боро Грданоски