ПОВЕЌЕ

    И во септември Гази Баба лидер по издадени дозволи за изградба на станови

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2021 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

    Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 833 718 илјади денари, што е за 16.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

    Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 184 (57.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (11.0 %) за објекти од нискоградба и 99 (31.1 %) за објекти за реконструкција.

    Од вкупно 318 објекти, на 195 (61.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 123 (38.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

    Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849  метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87,  Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично