ПОВЕЌЕ

    Хрватска ја издаде својата најголема еврообврзница вредна 11 милијарди

    Време зa читање: 4 минути

    Албанија и Хрватска се приклучија на земјите што не се во европската економска зона и кои се потпреа на меѓународните пазари за финансирање. Земји кои претходеа беа Унгарија, Романија и Србија а најверојатно ќе бидат следени од Бугарија и Романија (повторно) во наредните месеци.

    Издавањето на обврзници од страна на европските држави во евра и британски фунти достигна 269 милијарди евра оваа година. Според податоците на „Refinitiv“ тоа е веќе двојно поголема сума од сите емисии од минатата година. Кога ќе го свртите фокусот на Америка, издавањето на американските обврзници со рејтинг прифатлив за инвестирање  достигна 1,1 трилион американски долари. Добрата вест е дека има огромна поддршката од централните банки, а во евро-зоната централната банка има за цел да ги ограничи спредовите на приносите.

    Интересно е што минатата недела имаше издавање од околу 60 милијарди евра. Хрватска и Албанија беа меѓу државите кои не се во европската економска зона но кои ги издадоа своите еврообврзници на финансиските пазари за да соберат средства за мерки против „Ковид-19.“ Хрватската 11 годишна еврообврзница беше издадена истиот ден кога S&P500 го достигна врвот на 10 јуни и само еден ден пред глобалните пазари на капитал да станат негативни.

    Со други зборови, беше добар потег од страна на Министерството за финансии на Хрватска да издаде обврзници минатата недела, и покрај тоа што дел од инвеститорите отвуваа на сивиот пазар, ден по издавањето. Среда наутро кога се отвори книгата и IPT започнаа да пристигаат, индикативниот MS + 210bps изгледаше како многу голем спред, иако инвеститорите знаеа дека спредовите ќе се намалат. Очекувањата се покажаа точни и намалувањето прво беше на ниво од MS + 180bps, за конечни MS + 165bps (B + 197.4).

    Книгата се затвори со повеќе од 9 милијарди евра и хрватското министерство за финансии реши да го зголеми износот за 2 милијарди евра, резултирајки во вредност од 11 милијарди евра. Да се ​​стави ова во контекст, ова беше најголемото издавање на хрватска еврообврзница во историјата што укажува дека вишокот ликвидност обезбедена од FED&ECB има свој начин да ги пронајде земјите кои не се во европската економска зона.

    До среда навечер беше веќе јасно дека пазарите се “несигурни” и размислуваат за ризиците од секундарна епидемија во САД и Кина. Ова значеше зголемување на ризикот следниот ден и жално беше што германските, австриските и хрватските инвеститори беа надвор од своите канцеларии и затоа не можеа да ги превземат сите CROATI 1.50 06/17/2031продажни налози кои доаѓаа претежно од шпекуланти во Велика Британија.

    Овие банки можат да претставуваат нож со две острици бидејки не знаеме дали тие ја купуваат оваа обврзница за да ја понудат кога германските, австриските и хрватските инвеститори ќе се вратат во своите канцеларии, или имаат намера да ја држат подолго и да чекаат да се појави побарувачка од хрватските пензиски фондови. Во врска со втората можна опција, јули обично се карактеризира со големи купони на државни обврзници на пензиските фондови, објаснувајќи зошто толку се купуваат CROATI во летните месеци секоја година.

    Најважното прашање е вреднувањето на CROATI 1.50 06/17/2031 – дали е соодветно вреднувана сега? Одговорот зависи од методот на вреднување што се користи.

    Извор: Bloomberg BVAL

    На пример, ако размислувате за релативно вреднување наспроти остатокот од кривата, функцијата Bloomberg CRV и Нелсон-Сигел-Свенсон ни кажуваат дека со 1,50% YTM обврзницата би била фер вреднувана. Како и да е, она што треба да го правите е да ги погледнете сличните земји и каде тие тргуваат. На пример, земете го REPHUN 1.625 04/28/2032, е обврзница која се тргуваше со принос помеѓу 1,54% -1,57%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично