ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: МЕСТО ВО РЕДИЦИТЕ СЕ ФАЌА ВО 2 ЧАСОТ НАУТРО: Не стивнува хаосот на аеродромите низ Европа

    Време зa читање: 4 минути

    Европската авио-индустрија е во хаос. Преполни терминали. Одложени и откажани летови. Илјадници торби натрупани на аеродромите.  Оперативната доверливост на европските авиокомпании значително се намали од 2021 година. А летовите што оперираат се соочуваат со континуирани одложувања и откажувања – особено за интраевропските летови на кратки релации.

    Целиот овој хаос настана што заради штрајкови, што заради недостаток на вработени, и нешто помалку заради невремиња.

    На аеродромот во Даблин во Ирска, на пример, редицата за чекирање на аеродромот започнува да се формира во 2 часот по полноќ, а до 3 часот по полноќ, патниците се на улиците надвор од терминалот, во некои случаи чекаат три часа само за да стигнат до шалтер на авиокомпанија или да поминат низ обезбедувањето.

    БАГАЖ КОЈ СЕ ТРУПА И НЕ ОДИ НИКАДЕ

    Потоа, летовите дополнително се одложуваат поради недостиг на работници „под крилјата“ – а, тоа се главно копнени ракувачи и натоварувачи на багаж. На лондонскиот аеродром Гетвик, 1.000 летови се отстранети од распоредот од минатата недела. И само оваа недела, Бритиш Ервејс откажа 10.000 летови кои беа закажани за летото. Со тоа вкупните летови што авиокомпанијата го симна од распоредот во последните неколку недели на 30.000.

    Аеродроми како Хитроу, заради немање персонал, реши да го ограничи бројот на патници што минуваат преку него на 100.000 луѓе на ден.

    „Луфтханза“ откажува дополнителни 2.000 летови од Франкфурт и Минхен ова лето, објави денеска водечкиот германски авиопревозник.

    Патниците се соочуваат со слични проблеми на аеродромот во Франкфурт, и тоа не само со доцнење на летовите. Илјадници патнички торби се натрупани во областите за барање – и не одат никаде, комбинација од пропуштени врски и недоволно ракувачи со багаж или вработени во авиокомпанијата за да ги идентификуваат торбите и да го започнат процес на нивно повторно обединување со нивните сопственици.

    Најлошиот пример е убедливо аеродромот Шипхол во Амстердам.

    „ПОДОБРО НЕ ЛЕТАЈТЕ ДО ЕВРОПСКИТЕ ГРАДОВИ“

    Продолжи со читање на ликот http://pari.com.mk/mesto-vo-redicite-se-fakja-od-2casot-nautro/

    СО НОВОНАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА, КАКВА ОДЛУКА ДОНЕСЕ „Визер“?

    „Визер“ привремено суспендира линии кон неколку дестинации од земјите на поранешната Југославија. Со одлуката на оваа авиокомпанија се опфатени и двата македонски аеродрома.

    До 2 септември се откажани сите летови на „Визер“ од Дортмунд до Охрид, а летовите кон Гетеборг, Келн, Берлин и Фридрихсхафен од Меѓународниот аеродром во Скопје ќе се реализираат со намален обем, пренесува специјализираниот портал www.exyuavition.com.

    Од Белград се намалува обемот на летови со Малме и до Фортмунд, од Сараево се намалува обемот на летови со Копенхаген и Келн, од Љубљана се намалуваат летовите кон Лутон и кон Лондон, од Бања Лука се намалуваат летовите кон Малме и Базел, од Приштина и Ниш се намалуваат летовите кон Виена, од Подгорица и Дубровник кон Рим и од Сплит кон Познањ.

    ДРАМА ВО НАЈАВА: ТВИТЕР ГО ТУЖИ МАСК ЗА ДА ГО ЗАВРШИ КУПУВАЊЕТО ОД 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    Твитер поднесе тужба против извршниот директор на Tesla, Илон Маск во вторникот, обидувајќи се да го принуди да го заврши преземањето на компанијата за социјални медиуми во вредност од 44 милијарди долари, обвинувајќи го за „чудна“ и „лоша намера“ дејствија кои на платформата и нанеле непоправлива штета и „направиле хаос“ на нејзината цена на акциите. Уште во април, Маск вети дека ќе плати 54,20 долари по акција за Твитер, а компанијата се согласи со тие услови, откако првично се спротиставуваше. Но, сега и двете страни се подготвуваат за правна борба откако милијардерот во петокот рече дека се повлекува од договорот за купување на компанијата.

    Tужбата на Твитер започнува со остро формулирано обвинување: http://pari.com.mk/tviter-go-tuzi-mask-za-da-go-zavrsi-kupuvanjeto/

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ

    Раководниот тим на Стопанска банка АД – Скопје доби четири нови директорки

    Единствениот македонски процесор КсСис АД Скопје склучи договор со финтек компанијата Рубикон од Албанија за соработка во доменот на персонализација на чип картички, виртуелни картички, е-commerce и опслужување на мрежа на ATM-и.

    Расте инфлацијата, основната каматна стапка се зголеми на 2,50%

    „Сабвеј“ може да биде тужен поради туната во сендвичите

    Г20 ќе ги предложат првите глобални правила за криптовалутите во октомври

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично