ПОВЕЌЕ

    Халкбанк: Успеси во секој сегмент од банкарското работење

    Време зa читање: 3 минути

    Значително зголемување од 136 милиони евра има кај депозитите, кредитите се со раст од над 121 милион евра, а нето профитот за 2022 изнесува 12,07 милиони евра 

    Минатогодишните потреси и непогоди од планетарни размери не ги дестабилизираа домашните банки. Овој реален стрес-тест ја потврди нивната стабилност и способноста брзо да се прилагодуваат на новонастанатите услови. Оттаму, речиси и нема банка која потфрлила во работењето. Напротив, сите бележат позитивни исчекори, пред се во доменот на кредитирањето и кај депозитите, а и добивки поголеми од постигнатите во 2021 година.

    Сето ова се однесува и на Халкбанк АД Скопје. Во секој сегмент од банкарското работење резултатите се во плус фаза. Значително зголемување, и тоа од 136 милиони евра, е нотирано кај депозитите. Притоа, 72 милиони евра се влогови на граѓаните и на фирмите, вели во обраќањето до клиенитите и соработниците главниот извршен директор, Билал Суџубаши. И додава: „Во делот на кредитите имаме пораст од над 121 милион евра. Нашата актива со вкалкулираниот пораст сега веќе изнесува 1,36 милијарди евра. Нашиот нето профит за 2022 изнесува 12,077 милиони евра. Додека нивото на НПЛ во банката уште еднаш е исклучително под просекот во секторот и изнесува 1,47 проценти. Сето ова го потврдува фактот дека Халкбанк е една од најсигурните и најстабилни банки во регионот, подготвена за справување со секакви кризи“.

    Енергетската криза, прекините во снабдувањето, високите цени и инфлацијата изнудија промени во монетарната политика на централните банки. Односно затегнување, проследено со зголемување на основната камата. Кај нас сега изнесува 4,75 проценти. Ниво до кое е дојдено по неколкуте корекции почнувајќи од ланскиот април, кога стапката била 1,25 проценти. Се со цел одржување на стабилноста на девизниот курс и на среднорочната ценовна стабилност.

    И во такви услови, нагласува Суџубаши, Халкбанк обезбедила понуда соодветна на пазарните потреби и барања, меѓу кои и иновативни производи, базирани на новите технологии и дигитализацијата. „Халкбанк уште еднаш ја потврди и својата позиција на еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар“, вели главниот извршен директор.

    Стратегијата во работењето нема да се менува ниту годинава. Во план се повеќе нови производи и услуги, континуиран развој и мотивација на вработените, како и следење на глобалните банкарски трендови. Или, според Суџубаши, „најважно во оваа мисија е дека не ги следиме само бизнис интересите, туку вниманието ни е насочено кон тоа целото општество да го чувствува нашиот ангажман и придонес во неговиот развој.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично