ПОВЕЌЕ

    ХАЛК БАНКА СТАНА ПРЕПОЗНАТЛИВА КАКО НАЈАТРАКТИВНА ЗА НОВИТЕ ФИРМИ: И во првиот квартал од годинава таа е најчест нивен избор

    Време зa читање: 4 минути

    Анализа на интересот на новоотворените компании за избор на матична банка

    Халк банка веќе станува препознатлива како најатрактивна банка за новоотворените компании. Како и во 2022, така и во првиот квартал од оваа година најмногу новоотворени фирми ја избрале за своја матична банка. Веднаш зад неа е НЛБ банка (позиција со која ја заврши и 2022 година).

    Порталот „Пари“ редовно ги следи трендовите во банкарскиот систем, а моќта за привлекување на новите компании открива каде фирмите препознаваат најдобар партнер за финансиските релации.

    Според податоците од Платформата Бизнис Мрежа.мк, за три месеци Халк банка привлекла 446, а со 344 новоотворени компании зад неа е НЛБ банка. И останатите три банки се на истите позиции како и на листата ТОП 5 банки за новоoформени фирми во 2022 година. Така, во првите три месеци од годинава, Комерцијална ја избрале за своја матична банка 319 фирми, Стопанска банка Скопје 197, а Шпаракасе банка 110 фирми. Но, до моментот на обработка на податоците, за 144 фирми нема ажурирано матична банка. Инаку, како што веќе пишуваше „Пари“, во првиот квартал од годинава имало 1.832 новоотворени фирми  http://pari.com.mk/vo-prviot-kvartal-od-godinava-se-otvorile-1832-firmi-150-pomalku-od-lani/. Халк банка е избор на секоја четврта, а НЛБ банка речиси секоја шеста новоотворена фирма.

    ТОП 5 банки по сметки на новоотворени фирми

     

    БанкаНовоотворени сметки од правни субјекти
    Халк Банка АД Скопје446
    НЛБ Банка АД Скопје344
    Комерцијална Банка АД Скопје319
    Стопанска Банка АД Скопје197
    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје110

    Извор: БизнисМрежа.мк

    КОИ ФИЛИЈАЛИ НИЗ ГРАДОВИТЕ БИЛЕ НАЈУСПЕШНИ ВО ПРИВЛЕКУВАЊЕТО НОВИ ФИРМИ?

    Во Скопје, во првиот квартал од годинава се формирале 844 фирми. Од нив, 201 отворила матична сметка во Халк банка. На второ место е НЛБ банка со 163, а на третото место е Комерцијална банка која привлекла 156 фирми.

    Во Битола имало 88 новоотворени фирми, а нивен прв избор била Комерцијална банка. За неа се определиле 21 фирма. Потоа следи Халк банка со привлечени 16, а на третата позиција е НЛБ банка, која 11 фирми ја избрале за матична банка.

    Тетовските фирми најмногу и веруваат на Халк банка – избор била на 15 од нив. Втора е Комерцијална банка со сметки на 13 новоотворени фирми. Во НЛБ банка се отворени 12 сметки на нови фирми. Во Тетово, во првиот квартал од годинава се отвориле 76 нови фирми.

     ТОП 3 градови по отворени фирми и ТОП 3 банки по отворени сметки

     

    ГрадНовоотворни субјектиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Скопје844Халк Банка (201)НЛБ Банка (163)Комерцијална Банка (156)
    Битола88Комерцијална Банка (21)Халк Банка (16)НЛБ Банка (11)
    Тетово76Халк Банка (76)Комерцијална Банка (13)НЛБ Банка (12)

    Извор: БизнисМрежа.мк

     НАЈМНОГУ ОТВОРЕНИ ФИРМИ СЕ ТРГОВСКИ, А НИВЕН НАЈЧЕСТ ИЗБОР Е ХАЛК БАНКА

    Од вкупно 1.832 новоотворени фирми во првиот квартал од годинава, 439 се во трговијата, а тие, пак, најмногу отвориле сметки во Халк банка – 128, а во НЛБ банка сметка добиле 82 нови претпријатија. На трговците, Комерцијална банка им била трет избор и за неа се решиле 73 фирми.

    Во „други услужни дејности“ се формирале 203 фирми, со што секторот се искачил на висока втора позиција според нивниот број. Во оваа дејност компаниите покажале најголем интерес за Халк банка, која е избор на 42 фирми, а потоа, како второпозиционирани се НЛБ и Комерцијална банка, каде имало по 35 нови сметки на нови фирми. На трето место во оваа дејност е Стопанска банка, со 19 клиенти од новите правни субјекти.

    Третата дејност каде што имало најмногу отворања е со шифра „стручни, научни и технички дејности“. Таму се отвориле 195 фирми, а 44 ја избрале Комерцијална за своја матична банка. Втор избор била Халк банка со 39, а трет избор е НЛБ – за своја матична банка ја избрале 36 фирми од оваа дејност.

    ТОП 3 дејности по отворени фирми и ТОП 3 банки по отворени сметки

    ДејностНовоотворни субјектиНајизбрана банкаВтора по избор банкаТрета по избор банка
    Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли439Халк Банка (128)НЛБ Банка (82)Комерцијална Банка (73)
    Други услужни дејности203Халк Банка (42)НЛБ Банка (35) Комерцијална Банка (35)Стопанска Банка Скопје (19)
    Стручни, научни и технички дејности195Комерцијална Банка (44)Халк Банка (39)НЛБ Банка (36)

    Извор: БизнисМрежа.мк

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично