Групацијата Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат компаниите Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. Компаниите Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот во првата половина од 2024 година ја зголемија вкупната бруто полисирана премија на износ од 19,9 милиони евра (на крајот на првото полугодие од 2023 година изнесуваше 16 милиони евра). Групацијата, која имаше пазарен удел од 14,7 отсто на крајот на првиот квартал од 2024 година (што е за 1,3 отсто повеќе во однос на првиот квартал претходната година), ја зазема третата позиција на македонскиот пазар.
Триглав Осигурување во првата половина од годината оствари раст на премијата и ја потврди лидерската позиција на пазарот на неживотно осигурување. »Во денешниот дигитален свет, посветени сме на искористување на моќта на технологијата за да обезбедиме исклучително корисничко искуство. Затоа, во првата половина од годината работевме на оптимизирање на дигитални решенија за клиентите и за внатрешните процеси, кои што придонесуваат кон поефикасно работење и подобрување на задоволството на клиентите. Истражувањата покажуваат дека нашите клиенти и јавноста го препознаваат квалитетот на производите и услугите што ги нуди Триглав Осигурување, за што потврда се и сертификатот за квалитет Qudal Quality Medal и Best Buy Award наградата што компанијата ги освои оваа година“, изјави главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.
Во првата половина од годината и Триглав Осигурување Живот оствари раст на премија и на пазарниот удел. „И во првата половина од оваа година го продолжуваме континуираниот раст кај сите продажни канали и тарифи. Сето ова е резултат на препознавање на барањата на клиентите и понуда од која тие би имале најголем бенефит. Триглав Живот веќе неколку квартали останува на водечката позиција по бројот на продадени полиси за животно осигурување, што ни говори дека клиентите нѐ препознаваат како партнер на кој што можат да му веруваат при инвестирањето на своите средства“, вели Христина Џамбазовска Анастасов, генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.
Истовремено, Триглав пензиско друштво го задржа приматот на најбрзо растечко членство во сегментот на вториот задолжителен пензиски столб и забележа стабилен раст на средствата под управување. „Задоволни сме од динамиката и интензитетот на реализација на целите. Остануваме посветени на понатамошен напредок во сите клучни области од нашето делување, со фокус на квалитетот на корисничката поддршка, едукацијата и грижата за членовите на фондовите, со кои што управуваме“, посочи Тихомир Петрески, претседател на Управен одбор на Триглав пензиско друштво.
Што се однесува до целината – Групација Триглав постигна многу добри резултати во првата половина од оваа година. Нејзиниот вкупен обем на деловно работење достигна 942,9 милиони евра, што е за два отсто помалку од минатата година, а земајќи го предвид ефектот од загубата на премијата поради укинување на дополнително здравствено осигурување во Словенија, забележа раст од девет насто. Оствари 89,5 милиони евра оперативна деловна добивка пред оданочување (12,1 милион евра во истиот период во 2023 година), додека нето деловниот резултат изнесува 75,4 милиони евра (11,4 милиони евра минатата година). За ова најмногу придонесе осигурителниот дел од деловното работење на сегментот имот, а сите деловни сегменти на Групацијата работеа успешно. Работењето на Групацијата во доменот на штети беше релативно поволно во првата половина од годината, при што проценетите штети од природни масовни штетни настани не се разликуваат во голема мера од нивоата од претходните години. Групацијата, за првата половина од годинава проценува дека ќе го надмине планираниот годишен деловен резултат пред оданочување и предвидува дека ќе оствари меѓу 130 и 150 милиони евра. Групацијата и оваа година ја одржува финансиската стабилност и капитализација на соодветно ниво, доследно спроведува стратегија во насока на раст, развој и одржливи амбиции и се стреми да биде стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.
Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари деловен резултат пред оданочување од 63,4 милиони евра (2023: 29,1 милион евра) и нето деловен резултат од 53,8 милиони евра (2023: 24,6 милиони евра).
„Задоволни сме што бевме многу успешни во ова во првата половина од годината, бидејќи по ветувачкиот прв квартал, успехот го повторивме и во вториот квартал. Сите деловни сегменти придонесоа за многу добри полугодишни резултати на Групација Триглав, но најголем придонес имаше осигурителната дејност во сегментот имот, вели претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.
Воедно, додава, до крајот на годината ќе бидат надминати планираните деловни реултати.
„Планиравме Групација Триглав во 2024 година да постигне деловен резултат пред оданочување меѓу 100 и 120 милиони евра. По полугодието, проценуваме дека ќе го надминеме и ќе постигнеме меѓу 130 и 150 милиони евра. Притоа, ги зедовме предвид очекуваните деловни услови до крајот на годината, меѓу кои, најнеизвесни фактори се природните масовни штетни настани, кои што на годишна основа вообичаено се поинтензивни во вториот и третиот квартал. Поставивме амбициозни цели и нашиот тим во Триглав посветено работи на нивно успешно остварување, за што им благодарам многу“.
Групацијата Триглав останува финансиски стабилна, адекватно ликвидна и капитализирана на соодветно ниво. Тоа го потврдува и високиот кредитен рејтинг »А« добиен годинава, со стабилна прогноза на среден рок, на агенцијата за кредитен рејтинг S&P.