Кој со колку проценти учествува во структурата на малопродажните цени на горивата? Ако се погледне графиконот на Регулаторната комисија за енергетика може да се заклучи дека набавната цена на светската берза има најголем удел во формирањето на цената која кај бензините се движи до 49,9 проценти кај еуросупер БС 98, кај дизелот набавната цена изнесува 54,6 проценти. Кај мазутот има најголемо учество од дури 78,5 проценти.
Веднаш зад берзанската цена е учеството на државата. Најмногу за државата оди од цената на еуросупер БС 95 дури 43,2 проценти. Во формирањето на цената на горивата давачките на државата учествуваат 42,5 кај еуросупер БС 95 и 36,6 проценти во цената на дизелот.
За Регулаторната комисија за енергетика, односно делот на трговската маржа и транспортот за трговците учеството во цената е најголемо кај дизелот 8,6 проценти.
Инаку, денеска регулаторите повторно ја зголемија цената на горивата поради растот на цената на суровата нафта. Еден литар еуросупер БС чини 82 денари, еуросупер БС 84 денари и дизел 74 денари. Цената кај бензините се зголеми за еден денар и за половина кај дизелот.