ПОВЕЌЕ

    „Голден арт“ ја купува зградата на „Раде Кончар–Заеднички дејности“ – од 5,8 цената зголемена на 7.000.000 евра

    Време зa читање: 2 минути

    „Голден Арт“ ќе плати седум милиони евра за управната зграда на „Раде Кончар – Заеднички дејности“. Цената е повисока за 1,2 милиони евра од претходно договорената во декември минатата година. Заедно со зголемувањето на вредноста, измени има и во начинот на плаќање.

    Информацијата за промените во оваа зделка е објавена на Македонска берза.

    „На ден 20.02.2024 година Собирот на содружници на Раде Кончар – Заеднички дејности ДОО Скопје, во кое АД Раде Кончар – Апаратна Техника  Скопје поседува 40% од вкупниот број на удели, донесе Одлука со која ги усвојува условите од претходно доставената Понуда на ГОЛДЕН АРТ, како и од дополнително доставениот Анекс бр. 1 на Понудата за дополна и корекција на условите на Понудата со зголемена купопродажна цена и променет начин на плаќање за купопродажба на недвижниот имот – управната зграда на Друштвото (ИЛ 58529 за КО Кисела Вода 2 на КП 1851/16) по цена од вкупно 7.000.000,00 евра во денарска противвредност сметано по среден курс на НБРСМ на денот на плаќањето“.

    Воедно, се наведува дека оваа одлука ќе стапи во сила откако ќе добие одобрување од Собранието на акционери на содружникот „Раде Кончар – Апаратна техника“, чија седница дополнително ќе биде закажана.

    Купувачот на објектот, „Голден Арт“ е семејна градежна компанија со повеќе од 150 вработени. Присутна е на домашниот терен, а успешно работи и на странските пазари – во Црна Гора, Австрија и во Италија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично