ПОВЕЌЕ

    Глигорова – столбот на ПЦ Фармација се пензионира, Панева нов член на УО на „Алкалоид“

    Време зa читање: 2 минути

    Милкица Глигорова, долгогодишната директорка на производниот центар Фармација во рамките на „Алкалоид“ и член на Управниот одбор на компанијата, заминува во пензија. Нов член на УО е Оливера Панева, директор на Обезбедување квалитет.

    За промената „Алкалоид“ извести преку Македонска берза. Барањето на Глигорова за прекин на членството и работењето во УО поради исполнување на условите за стекнување право на старосна пензија, било разгледано и оставката потврдена на седница на Надзорниот одбор.

    „Поради горе наведеното, донесена е одлука за бришење на уписот во трговскиот регистар при Централен регистар на РСМ на членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје Милкица Глигорова, поради поднесување на известување за оставка, заклучно со 10.04.2023 година и за избор на нов член на Управниот одбор.

    За нов член на Управниот одбор се избира Оливера Панева директор на Oбезбедување квалитет, со мандат од 11.04.2023 година до истекот на времето за кое е избран претходникот, односно 21.11.2028 година“, наведено е во известувањето.

    Глигорова раководеше со еден од најважните производствени сегменти кои го сочинуваат „Алкалоид“ и од каде произлегува основата за успешното работење. Поради тоа, низ годините, и при официјалните и при неофицијалните рангирања, нејзиното име се наоѓаше на листите на најмоќните и највлијателни жени во бизнисот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично