ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвестментс: Европските берзански индекси ближат до рекордните вредности

    Време зa читање: 6 минути

    Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.

    Јануарската инфлацијата во САД падна помалку од предвиденото

    Објавувањето на официјалните податоци за јануарскиот CPI (Индекс на потрошувачки цени) во САД беше главен настан изминатата недела на пазарите на капитал. Зголемувањето на цените од 6,4% на годишна основа значи дека инфлацијата во САД се намалува веќе седми месец по ред, но за разлика од претходните мерења, овојпат месечниот пад на стапката на инфлација беше многу мал – позначителен пад на Индексот CPI очекуваа и американските економисти.

    Податоците за јануарските големопродажни цени кои пораснаа за 0,7% на месечно ниво предупредуваат дека инфлацијата во САД се уште е далеку од надминување. Истото го потврдија и податоците за продажбата на мало која порасна за 3% во јануари, што е најголем скок во последните две години. Иако податоците од последниот квартал на минатата година укажуваа дека потрошувачката на домаќинствата успорува, јануарските бројки го променија тоа. И покрај инфлацијата и повисоките каматни стапки, американскиот потрошувач не ги промени своите пазарни навики до степенот што можеше да се очекува и останува важен извор на економската сила на САД.

    Какво се очекувањата за економијата?

    Бидејќи пазарот на труд останува исклучително силен и потрошувачките трошоци кои сочинуваат повеќе од две третини од бруто домашниот производ на САД продолжуваат да растат, се дебатира за последиците од зголемувањето на каматните стапки во контекст на „меко“ и „тврдо приземјување“ на економијата кои сè повеќе вклучуваат сценарио дека тоа приземјување нема да се случи наскоро. Последново значи дека економскиот раст би продолжил со слично темпо и покрај заострувањето на монетарната политика. Во нормални околности, се разбира, ова би било најпосакуваното сценарио, но без успорување на економската активност, инфлацијата исто така ќе остане упорна, што би ја принудило централната банка дополнително да ја заостри монетарната политика и едноставно да го одложи успорувањето на економскиот раст на подоцнежен период.

    Индексите се уште се далеку над вредностите од пред неколку месеци

    Бидејќи пазарите во моментов првенствено сакаат пониска инфлација, што ќе им овозможи на централните банки да престанат да ги зголемуваат каматните стапки, атмосферата на берзите малку се залади минатата недела. Главните американски индекси затворија со негативни добивки втора недела по ред, но движењата беа релативно мали и не ја одразуваа сликата за исклучителната профитабилност од почетокот на годината. Индексот S&P 500 е едвај 10% над најниските вредности од почетокот на јануари и 15% над дното од минатиот октомври.

    Европските акции продолжуваат да ги воодушевуваат инвеститорите

    Индексот MSCI Europe е само неколку проценти оддалечен од рекордните вредности постигнати на крајот од 2021 година. Во последните недели зголемениот оптимизам на европските берзи, заедно со подобрите економски перспективи, беа предизвикани и од добрите деловни резултати на котираните друштва. Изненадувачки, откупот на сопствените акции на европските компании исто така станува важен извор на раст. На крајот од минатата година, за прв пат по финансиската криза во 2008 година, овие откупувања ги надминаа оние во САД како дел од пазарната капитализација. Од друга страна, паднаа и цените на европските државни обврзници. Бараниот принос (обратно пропорционален на цената на обврзницата) на германска 10-годишна државна обврзница е приближно 2,5%, а на италијанска 4,3%. Слично како и во САД, пазарот на труд на стариот континент останува исклучително робустен, вкупниот број на вработени во ЕУ се зголеми на рекордни 165 милиони во последниот квартал од минатата година. Падот на куповната моќ, ескалацијата на притисокот на синдикатот и ниската невработеност го поттикнуваат растот на платите и ефектот врз инфлацијата, зголемувајќи ги очекувањата за основната каматна стапка на крајот од циклусот на затегнување.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ

    Макроекономските податоци во последниве недели покажаа знаци на благо закрепнување. Инфлацијата се стабилизира и е во надолен тренд, пазарот на трудот останува многу силен, а како резултат на тоа централните банки покажуваат желба за заострување на монетарната политика. Очекувањата на инвеститорите за неизбежен пресврт во политиката на каматните стапки се во спротивност со реториката на централната банка и остануваат ценети на пазарните нивоа. Ваквото оптимистичко сценарио претставува ризик за пазарите. Сезоната на објавување на резултатите за последниот квартал од 2022 година се приближува кон крајот и не ги разочара инвеститорите. Досега, прогнозите за 2023 година не се толку песимистички колку што се очекуваше пред неколку недели. Подоброто расположение се враќа и на пазарите во развој. Отварањето на Кина дава надеж дека најлошото е зад нас. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, акциите не се евтини, но одредени сегменти на пазарот сепак нудат можности. Препорачуваме да се задржи долгорочен пристап со периодични зголемувања на инвестициите, што се покажа дека дава добар одговор и најдобар резултат во услови на поголема нестабилност и привремена неизвесност. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател за одржување и зајакнување на заштедите. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали Америка и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Оние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Генерали БРИК сепак, останува многу шпекулативна инвестиција, бидејќи кинеската држава редовно и често ја менува сликата за иднината што ја предвидуваат инвеститорите, што со себе носи силни флуктуации. Обврзниците ја имаа најлошата година (2022) во последните 50 години. Не веруваме дека тоа може да се повтори во 2023 година, напротив, полека ќе почне да се гради можност за инвестирање. За трпеливите инвеститори ова се моментите за почнување на градење на позиции како на берзата, така и на пазарот на обврзници, а резултатот ќе го донесат следните години. Времињата се непредвидливи, но ќе се појават можности. Последното отскокнување покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето за оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Отскокнувањето не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Тоа само покажува дека да се биде премногу самоуверен во една приказна и како резултат на тоа да се има неизбалансирано портфолио може да биде опасно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично