ПОВЕЌЕ

    Generali Investments – Коментар за тековните случувања

    Време зa читање: 5 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

    Преглед на моменталните случувања:

    – Минатата недела се појави нова загриженост поради развојот на коронавирус пандемијата. Ако пред неколку недели се чинеше дека врвот на пандемијата е постигнат, сега се покажа дека помалку развиени земји и онаму каде што луѓето потешко да ги следат мерките, стануваат нов извор за глобалното ширење на инфекции. Гледаме силен раст во јужниот и западниот дел на САД, Латинска Америка, Африка и Блискиот исток.

    Балканот исто така стана извор на инфекција, со што се врати вториот бран во Европа. Некои земји продолжуваат со ослободувањето на мерките, но од друга страна имаме случаи кога мерките за ограничување на пандемијата повторно се затегнуваат. Затварањата на економиите како што беа во март и април е многу малку веројатно, но ограничувањата повторно ќе имаат многу негативно влијание врз услужниот сектор, особено туризмот, угостителството и патувањето. Затоа, државите и централните банки продолжуваат да преземаат стимулативни мерки, како што се проширување на мерките за субвенционирање, дополнителна ликвидност и откуп на корпоративни обврзници.

    Оваа недела ФЕД ги откри компаниите чии обврзниците купува, а во исто време некои аналитичари очекуваат дека во случај на втор силен бран, ќе започне и со купување на акции. Позитивните сигнали сепак продолжуваат да доаѓаат од економиите. Макроекономските податоци се многу цврсти и над очекувањата, најновите податоци од Кина се повторно позитивни и покажуваат раст, а закрепнувањето на стариот континент е е побрзо од очекуваното. Ова ги оживеа очекувањата дека сè уште може да забележиме обновување во форма на буквата V. Од друга страна, гледаме зголемување на тензиите кои останаа нерешени и покрај коронавирусот. Односите Кина и Индија стануваат ново жариште во Азија, трговските односи меѓу САД и Кина продолжуваат да работат на топло-ладна основа, Брегзит е комплициран главно од британските домашни политички поделби, иако врската Берлин-Париз исто така покажува повремени знаци на слабост.

    – Умерен оптимизам сè уште преовладува на берзите, иако гледаме зголемена неизвесност и повторно малку поголема нестабилност, кој според нашето мислење ќе се засили. За цените да преминат на повисоко ниво, потребен е поголем оптимизам и начин на размислување дека пандемијата е под контрола и веројатно дополнителна ликвидност, иако слободните пари се на рекордно ниво за инвеститорите, а институционалните инвеститори се само умерено оптимистички во врска со акциите. Големата количина на свежо печатени пари во последните три месеци (18 трилиони) претставува многу јака сила на пазарот на капитал, што во моментот спречува поголеми надолни прилагодувања на цените.

    Берзите со нивниот силен раст во последните два месеци се одраз на приносот на пазарот на обврзници и банките, кои се претежно негативни, пазарот за недвижнини не е толку атрактивен како и пред кризата бидејќи е се поголем притисокот за работењето од дома, онлајн тргувањето и водењето бизниси, па дури и туризмот и изнајмувањето нема да бидат исти како пред кризата уште долго време. Парите сè уште се принудени кон акциите, кои и покрај зголемениот ризик, во моментот даваат позитивен поврат, но нивото на заштедените пари расте уште побрзо. Минатата недела донесе ладење на повеќето шпекулативни или погодени индустрии, бидејќи коцкањето се покажа дека нема реална основа во многу случаи.

    Како резултат на тоа, прекумерната еуфорија во одреден сегмент на берзите се намали и акциите на компаниите со постабилно работење повторно станаа попривлечни. Со оглед на сите случувања во светот, веруваме дека претпазливоста на пазарите на капитал не е излишна. Од друга страна, имаме индустрии кои станаа победници на кризата и каде вредностите се на атрактивно ниво. Овде се вклучуваат главно здравствената заштита, прехранбената индустрија, дел од ИТ, комуналните услуги (електрична енергија, вода и сл.), телекомуникациите и многу повеќе.

    Совети за инвеститорите:

    Ја одржуваме препораката, која ја повторуваме веќе со недели. Акциите се доста скапи, но со слично скапи обврзници и многу ниските или негативните камати од банките практично нема алтернатива, така што не е време за есктреми. Не се препорачува целокупното портфолио да го имате инвестирано во акции, во обврзници или пари. Случувањата во текот на изминатата недела укажуваат на уште поголема претпазливост, но централните банки и државите продолжуваат да генерираат огромни количини свежи пари, а парите бараат инвестиции со најмалку минимален поврат. Ликвидносната поддршката на обврзниците и акциите принудува забавен раст на валутите и овој тренд може да продолжи.

    И покрај добрите податоци, состојбата на светската економија е сè уште релативно слаба, а иднината е нејасна. Нерешените тензии од минатото (меѓу САД и Кина, протестите и претстојната изборна кампања во САД, разговорите околу Брегзит во Европа како и тензиите помеѓу Индија и Кина) носат дополнителна неизвесност на пазарите. . Затоа е неопходен избалансиран пристап кон инвестициите, со поголем удел на индустриите кои подобро ќе ја издржат оваа криза. Пазарите остануваат непредвидливи, а се очекува да расте нестабилноста. Диверзификацијата на портфолиото е чекор во вистинската насока.

    Инвеститорите со долгорочни инвестициски цели треба да продолжат со месечни уплати, а оние што би вложиле поголема сума, треба да ја распоредат на подолг временски период. Пазарите може да продолжат да растат умерено како резултат на сегашниот оптимизам и свежо печатените пари, но не се исклучени длабоки привремени корекции. Многу работи зависат од развојот на пандемијата, што може да турне умерениот оптимизам на пазарите назад во областа на песимизмот, што од друга страна ќе доведе до посилна корекција на берзите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично