ПОВЕЌЕ

    „Игра на тронови“ и донесе 180 милиони евра на хрватската економија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Економското влијание на туристичките посети на локациите на популарната серија на HBO „Игра на тронови“ во Хрватска од 2013 до 2018 година се проценува на 180,7 милиони евра или 30,1 милиони евра годишно, според економистите од Универзитетот во Задар.

    Снимањето на популарната серија создаде голем број нови туристички понуди, бидејќи многу национални и меѓународни агенции нудат различни екскурзии и тури, вклучително и посети на серијата, велат економистите во студијата за економските ефекти на оваа фантастична драма во Хрватска врз нејзината туристичка индустрија.

    Да потсетиме, оваа серија се снимаше во историските далматински градови како Дубровник, Сплит и Шибеник.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично