ПОВЕЌЕ

    Финансиска слобода е можна и во Македонија – промоција на книгата на Данчо Димков

    Време зa читање: 2 минути

    Данчо Димков, претприемач, основач на BizzBee Solutions – македонска агенција за продажба, маркетинг и консултански услуги, консултант, човек со огромно знаење од областа на продажбата, бизнис лидер, и автор на три најдобро продавани книги на Амазон, го објави своето трето дело „A Journey To Financial Freedom: Transforming a marketable skill into financial independence.”

    Книгата е веќе Амазон бестселер уште пред датумот на нејзината официјална промоција и доаѓа во вистинско време – време на финаниска несигурност, страв од она што ни го носи иднината, во време на недоволна финаниска писменост.

    Наменета за сите сонувачи, луѓе со неуморна амбиција и желба да создадат нешто свое, да ги скршат оковите на финасиските ограничувања коишто им го диктираат животот, ова четиво не е само насока за тоа како да успеете да создадете богатство.

    „A Journey To Financial Freedom: Transforming a marketable skill into financial independence“ е прирачник за како од обична вештина да направите алатка која што ќе ви го трансформира животот и ќе ви овозможи да создадете одржлив бизнис којшто ќе ви даде можност да живеете онака како што отсекогаш сте посакувале – слободно, неограничени од вашата економска состојба.

    Оваа книга се јавува како личен крик, пркос на сфаќањата дека во Македонија може да се живее само просечно или сиромашно, дека сме тло каде што сите идеи и бизниси умираат.

    Оваа книга  е подадена рака за сите они што се сити од тој просечен живот. За оние храбрите сонувачи што би се осмелиле или веќе се осмелиле да го направат првиот чекор кон финансиска слобода.

    Доколку сте и вие едни од нив, или пак сте едноставно вљубеник во пишаниот збор ве покануваме да ја посетите промоцијата на книгата „A Journey To Financial Freedom: Transforming a marketable skill into financial independence”, од Данчо Димков, закажана во петок, 5ти Април, 2024 год, во 17 часот во СтартАп клуб, Скопје. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично