ПОВЕЌЕ

    Фиат бара уште 80 неработни денови

    Време зa читање: < 1 минутa

    Италијанските медиуми штотуку објавија дека во првиот квартал овој авто-гигант забележал пад на продажбата од 21% во однос на истиот период минатата година.

    Од Fiat Chrysler Automobiles велат дека плановите за развој, освојување и започнување со производство на нови модели во фабриките низ целиот свет ќе бидат забавени. Во исто време, тие изјавуваат дека процесот на спојување со Peugeot PSA Групацијата продолжува според планот и ќе заврши до крајот на годината.

    Според најновата одлука на фабричкиот кризен штаб, вработените треба да бидат на платен одмор, што започна во средината на март поради епидемијата „Ковид 19“, до понеделник, 18 мај.

    Со оглед на бараното продолжување на платено отсуство, речиси е сигурно дека нема да има многу повеќе работни денови во Fiat Chrysler Automobiles во наредните четири или пет месеци. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично