ПОВЕЌЕ

    ЕВТИНОТО ГОРИВО ГИ НОСИ АЛБАНЦИТЕ ВО СТРУГА – за една недела на Ќафасан минале над 40 илјади патници

    Време зa читање: 2 минути

    Сѐ повеќе жители на Албанија доаѓаат во Струга за да обезбедат гориво и прехранбени производи по пониски цени. Трендот е забележлив на граничниот премин Ќафасан, каде што бројот на лицата е зголемен за 11 насто на годишно ниво, и тоа само во првата недела од април.

    Во периодот од 1 до 6 април, според Според податоците на СВР Охрид, преку граничниот премин минале 40.734 патници. За споредба, лани во тој период биле евидентирани 36.775 патници.

    „Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници, а излегле 19.782“, информира портпаролот Стефан Димоски.

    Зголемената фреквенција е директно поврзана со ценовните разлики, особено кај горивата, што создава дополнителен притисок врз потрошувачката во пограничните области. Премиерот Христијан Мицкоски неодмна потврди дека побарувачката на гориво е значително зголемена – од 1,5 милион литри дневно на околу два милиони литри, со притисок најмногу во пограничните места. Сепак, уверува дека резерви има доволно.

    Трендот на раст не е краткорочен. Според полициската статистика, зголемување на протокот на патници на Ќафасан има и во првите три месеци од годинава во споредба со истиот лански период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично