Стравот од зараза преку парите, со Ковид-19 ги натера потрошувачите во еврозоната се повеќе да плаќаат со картички отколку со готовина покажуваат резултатите од истражувањето на Европска централна банка (ЕЦБ).
Според студијата која беше спроведена во месец јули, пандемијата Ковид-19 и те како го забрзала трендот за напуштање на готовината, а се попопуларни се новите начини за бесконтактно плаќање со картички, телефони, па и часовници.
Околу 40 проценти од вкупно 17.779 испитаниците изјавиле дека од почетокот на Ковид-19 помалку плаќаат со готовина, а 87 отсто истакнале дека планираат да ја задржат навиката и по завршувањето на пандемијата.
Како најчеста причина за тоа го наведуваат олеснителното електронско плаќање во малопродажбата и стравот од зараза при контакт на банкноти и монети.
Од зараза со Ковид-19 преку парите најмногу стравуваат Шпанците и Португалците, а најмалку Естонците, Австријците и Словенците.