Сите приматели на пензии кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување преку Еуростандард Банка, ќе добијат исплата на пензиите на 27-мај (среда).
Оние пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка, имаат дополнителна можност за дозволено пречекорување во висина до 3 пензии.
Корисниците на дебитни картички пензиите ќе можат да ги подигнат на банкомати на Банката и на банкомати на сите други банки без провизија.
Пензионерите кои не се корисници на дебитни картички, Банката апелира при подигање на пензијата да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка за полесно располагање со средствата во претстојниот период.
Оние пензионери кои ја добиваат пензијата во својот дом, Еуростандард Банка ги известува дека ќе им биде доставена исто така на 27-мај.