ПОВЕЌЕ

    Ексклузивно интервју со раководителите на филијалите на Штедилница ФУЛМ

    Време зa читање: 11 минути

    Штедилницата ФУЛМ, на македонскиот финансиски пазар е присутна од 1999 година, кога движењето на кредитните унии, за првпат се имплементира и во Македонија од страна на проектот WOCCU, финансиски поддржан од УСАИД.

    Штедилницата ФУЛМ во изминатите години, во голема мера изврши влијание на полето на микрофинансирањето и ги приближи финансиските услуги до: вработените и невработените лица, студентите, пензионерите и земјоделците, а особено до финансиски исклучените категории на население, особено меѓу жените и младите Денес, Штедилницата ФУЛМ, своите финансиски услуги ги нуди на целата територија на Република Македонија, преку Централата во Скопје и филијалите во Аеродором и Центар, шалтер во Автокоманда во Скопје, и филијалите во Битола, Кавадарци, Струмица и Тетово.

    Листа на признанија и меѓународна соработка на Штедилница ФУЛМ:

    -Полноправна членка на Светскиот совет на кредитни унии – водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки (www.woccu.org);
    -Партнер во спроведување на DCA програмата на Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID www.usaid.gov);
    -Партнер на Лигата на кредитни унии на Мичиген (www.mcul.org);
    -Партнер на Националната асоцијација на кредитни унии во Полска (www.skok.pl);
    -Имплементатор на Проектот за подобрување на пристапот на жени и млади до финансиски услуги;
    Победнички проект на Светската конференција на кредитни унии – Денвер, САД 2015;
    -Добитник на најпрестижната награда за најголем раст од Светскиот совет на кредини унии – 2018 – World Council Membership Growth Award .


    Атанас Манушев – Раководител на филијала Муртино, Струмица

    Каков е развојот на ФУЛМ во овие 20 години?

    -Пред 20 години во село Муртино се отвори првата филијала на Штедилницата ФУЛМ. Можам да кажам дека почетокот беше прилично тежок бидејки во тој период, довербата во банкарскиот систем беше на многу ниско ниво во Македонија. Но, со големите заложби на органите на управување и сите вработени во Штедилницата, континуирано работејќи со граѓаните на терен, постепено почнавме реално да ги согледуваме барањата на истите и да воведуваме решенија за нивните финансиски предизвици. Како нов модел на финансиска институција (по принципите на кредитните унии во светот) почнавме да ги вклучуваме и нашите членови во концептот на кредитните унии каде што корисниците на услуги се и сопственици на финансиската институција, и истата е управувана од самите членови. Така, освен што се враќаше довербата, почнавме да развиваме различни продукти за кредитирање на нашите членови кои непосредно преку разговори со вработените ги искажуваа нивните потреби, а нашите органи на управување им излегуваа во пресрет на истите.

    Целиот овој процес нé доведе до оваа позиција каде што сме сега, успешна финансиска институција која и во меѓународни рамки добива признанија и награди за нејзините успеси. Сигурни сме дека овој ентузијазам нема да се изгуби кај нашите членови, органи на управување и кај вработените. Ќе продолжиме да даваме наш придонес во целокупниот финансиски систем на Македонија, а се разбира и на нашите членови со соодветни услуги пратејќи ги современите текови во банкарството.

    Александра НаумовскаРаководител на филијала Битола

    Дали сте задоволни од постигнатите резултати на Македонскиот пазар досега?

    Со оглед на конкуренцијата нашата институција има постигнато големи резултати на финансискиот пазар. Можам да истакнам дека уште од самите наши почетоци на нашето работење пред 20 години ние како институција го опслужуваме делот од населението кое нема можности да добие финансиски услуги на друг начин.

    Одличните резултати на ФУЛМ се резултат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, како и значајните финансиски инвестиции кои ги направивме во дигитализација на нашето работење со цел постигнување поголема достапност и функционалност кон клиентите.

    Штедилницата продолжува да ги следи светските трендови и технологијата во насока на дигитализација и унапредување на процесите со тоа што на нашите клиенти им даваме широк избор на можности при извршувањето на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали на продажба. Потврда за ова се и низата признанија и награди кои ги имаме добиено како резултат на големите постигнати резултати.

    Штедилницата продолжува да работи со јасна визија и посветеност во остварување на стратешките цели со фокус кон клиентите и нивните потреби.

    Сијка Габева – Раководител на филијала Тиквешија

    Колку народот во земјава знае да штеди и какви сé производи нудите?

    Постојат многу методи како да се заштедат пари. Штедењето треба да биде приоритет за секого без разлика дали е краткрочно или долгорочно, и дали на помали или поголеми износи сé до дозволениот максимум на институцијата.

    Довербата за штедење кај населението е во пораст во последните 20 години, со што се рефлектира пораст на штедните влогови и кај нас во Штедилница ФУЛМ. Ние како штедилница им нудиме можност на возрасните како и на најмладите да бидат наши штедачи, а најмладите воедно се и наши најдолгорочни штедачи.

    Исто така, како финансиска институција се грижиме преку едукација да ги информираме заинтерисираните потенцијални штедали, но и веќе постоечките штедачи за нашите услови на штедење, начинот на штедење, видовите на влогови кои ги нудиме, како и за тоа дека нивните средства се осигурани во Фондот за осигурување на депозити меѓудругото. Не само тоа што нивните средства се осигурани во Фондот за нив најважно е тоа што ние како институција постоиме 20 години на пазарот што им влева дополнителна сигурност при нивните одлуки, бидејќи се работи за една стабилна финансиска институција.

    Како стабилна финсиска институција во овие 20 години, Штедилница ФУЛМ има стекнато доверба кај многу штедачи, а понатаму со нивна препорака и кај нивни блиски познаници, пријатели и роднини. Тука би сакала да нагласам дека не смееме да ги изоставиме и социјалните мрежи и другите медиумски канали кои нé прават потранспарентни и поблиски до луѓето. За разлика од другите финансиски институции, кај нас секој наш полнолетен штедач е воедно и член на ФУЛМ. Со самото членство се стекнува со право на глас. Додека пак, малолетните корисници на нашите услуги се стекнуваат со членство откако ќе станат полнолетни со 18 години.

    Штедилница ФУЛМ нуди можности за отворено штедење за членовите коишто сакаат своите средства да им бидат на располагање во било кое време, а нудиме и депозити со рок од минмимум еден месец до максимум 60 месеци. Одредени депозити имаат годишна фиксна каматна стапка од 24, 36 до 48 месеци.

    Ако ги резимираме и сублимираме резултатите од нашето работење, слободно можеме да кажеме дека населението знае да штеди, се разбира секој според сопствените можности.

    Дејан Ангелковиќ – раководител на филијала Центар

    Кои се Вашите најдобри кредитни продукти, со колкаво и какво портфолио располагате?

    Штедилница ФУЛМ располага со повеќе видови кредитни и депозитни производи кои ги нуди на пазарот. Производите се дизајнирани со цел да се задоволат потребите на нашите клиенти. Ние имаме производи скоро за сите категории на граѓани коишто можат да земат кредит многу брзо и едноставно во нашите филијали.

    Нашите најконкурентни и најдобри кредитни продукти се Кредити за невработени со дополнителни лични приходи, Кредити за студенти, Кредити за вработени во приватни фирми и во јавна администрација, Кредити со владетелски залог (злато, депозит и девизи), Кредити за земјоделци и Кредити за пензионери.  Во зависност од регионот, кај секоја филијала различно е учеството на типот на производ. Tака на пример, во земјоделските региони Струмица и Кавадарци поголемо е учеството на Кредитот за земјоделци и Кредитот за невработени. Додека во Скопје, Кредитите за студенти и невработени и Кредитите со владетелски залог повеќе се користат.

    Најголемо учество во кредитното портфолио има Кредитот за невработени со дополнителни лични примања и тој моментално е и најпродаваниот производ. Штедилница ФУЛМ во текот на годината организира разни промоции и кампањи и за другите производи коишто имаат помало учество во портфолиото сé со цел да се поттикнат клиентите и нивниот интерес за другите производи, но и за идеи за нови продукти, а со цел да се олесни пристапот на луѓето до финансиски средства.

    Сузана Ќандова – Раководител на филијала Полог – Тетово 

    Нешто повеќе за Светската конференција на кредитни унии што се одржа во јули на која ФУЛМ беше присутна?  

    Во јули оваа година се одржа меѓународна конференција на Светскиот совет на кредитни унии за 2019 година, спектакуларен четиридневен настан на Бахамите. На овој настан присуствуваа професионалци од повеќе од 2.100 кредитни унии каде главните сесии беа на актуелни теми за: Дигитализација; Крипто-валути; Сајбер безбедност; Финансиска вклученост; Регулатива и застапување; и Бизнис стратегија и влијание. На конференцијата, управителот на Штедилница ФУЛМ, М-р Елеонора Згоњанин Петровиќ го презентираше 20 годишниот успех на Штедилницата ФУЛМ пред младите претставници на кредитните унии од 60 земји во светот, со посебен осврт на Наградата за најголем пораст од Сингапур 2018.

    Сé со цел ФУЛМ да ги пренесе интернационалните трендови за соработка со младите во Македонија, го основа Форумот на млади кој ги вклучува сите членови под 39 години.

    ФУЛМ, исто така, има успешна програма за подобар пристап до финансии на жените во Македонија, која ја спроведува како дел од Интенационалната мрежа на жени лидери. ФУЛМ го основа и Форумот на жени-лидери со цел да пренесат знаењата од повеќе од 80 земји во светот во Македонија за подобар пристап до финансии.

    Марија Цветковиќ – Раководител на филијала ЈСП – Аеродром

    Kаква е подготвеноста за дигитализација на Вашите клиенти?

    Процесот на подготовка на корисниците на нашите услуги за дигитализација го почнавме уште пред неколку години… Свесни за технолошката трансформација која неминовно навлегува во сите сфери на општеството, вклучувајќи го и нашето работење, поставивме два правци на движење во дигиталната трансформација: внатрешен и надворешен правец.

    Внатрешниот правец се однесуваше на дигитализација на процесите внатре во Штедилница ФУЛМ, нивна оптимизација, зголемување на ефикасноста и транспарентноста, сé со цел да се обезбеди подобра услуга за клиентите. Во оваа насока, вработените во ФУЛМ преминаа на работа во нов софтвер кој овозможува поврзување и дигитално комуницирање со клиентите.

    Во правец на дигитализација на надворешните процеси, најпрво сакавме да го согледавме степенот на подготвеност на нашите клиенти за ваква трансформација. За таа цел, спроведовме анкета помеѓу корисниците  на нашите услуги за користење на современите технологии. Со оглед на тоа што Штедилница ФУЛМ работи со обичните луѓе и лица кои се финансиски исклучени или имаат отежнат пристап кон финансиски услуги, анкетата покажа дека нивото на користење на дигиталните канали и технологии, како и електронското банкарство, беше минимално. Затоа пристапивме кон нивна постепена дигитална едукација, преку бесплатни обуки за унапредување на финансиските знаења, но и континуирано нивно „ИТ“ едуцирање во комуникацијата со нив… Тоа беше процес што доведе до зголемување на свеста за користење на дигиталните канали кај постојните и потенцијалните клиенти.

    Во оваа насока, Штедилница ФУЛМ, ја постави Стратегијата за комуникација со клиентите, при што првично отвори свој профил на социјалните медиуми: Facebook, Instagram, LinkedIn I YouTube. Следно, направивме современ редизајн на нашата веб страна: www.fulm.com.mk, која беше прва интернет-страница во банкарскиот систем што содржи „chat“ – алатка за онлајн комуникација со потенцијалните и постојните клиенти. Од воведувањето на веб алатката „chat online“ на 1.2.2018 година до сега, остварени се над 10.000 разговори со заинтересирани посетители на нашата веб страна. Веб страната на ФУЛМ, овозможи да воведеме безбедно онлајн аплицирање за кредит, се ефектуираше со над 2.000 апликации за кредит поднесени електронски. Нашите корисници на услуги и нашите членови можат да ја следат состојбата на депозити и кредити, преку сите електронски уреди. Мобилната апликација mFulm е веќе поставена на Play store и се очекува официјална промоција.

    Задоволство ми е да споделам дека, од сите социјални дигитални медиуми,  ФУЛМ Штедилница/FULM Savings House има најголема популарност на социјалната мрежа Facebook со над 12.600 следбеници.


    Повеќе за Штедилница ФУЛМ на www.fulm.com.mk , или на профилот на социјалните медиуми: FULM Savings House/ ФУЛМ Штедилница

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично