ПОВЕЌЕ

    ЕДНА, НО ВРЕДНА БЛОК ТРАНСАКЦИЈА – Изброени над два милиони евра за 20.708 акции на „Македонијатурист“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Блок трансакција од над два милиони евра е реализирана со акции на „Македонијатурист“. Познат купувач ги инвестирал парите купувајќи 20.708 хартии од вредност издадени од хотелско-угостителската компанија, што претставува 4,58 проценти од основната главнина.

    Во информацијата што ја сподели Македонска берза е наведено дека се работи за обични акции. Номиналната цена е 25,56 евра.

    Трансакцијата вредна 127.354.200 денари е пресметана врз база на цена од 6.150 денари по акција.

    Ова е повисок износ во однос на просечната цена постигната вчера на официјалниот пазар. На официјалната дневна берзанска листа со датум од 11 април е забележан просек од 5.150 денари.

    Што се однесува до работењето на „Македонијатурист“, лани успеа трикратно да ја зголеми добивката, од околу 501 илјада евра во 2022 на над 1,5 милиони евра во 2023 година. А, акционерите на компанијата треба да поделат дивиденда од минатогодишната, но и од акумулираните добивки низ годините, во бруто износ од 1,32 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично