ПОВЕЌЕ

    Добра „берба“ за Тиквеш – добивката порасна за 19 насто    

    Време зa читање: 2 минути

    За Тиквеш, во виното е добивката. Извозот и продажбата на домашниот пазар се основата за профитното „прелевање“ од 19 насто.

    Заработката на Винарската визба расте побрзо од приходите. Крајот од првата половина на годината донел нетодобивка од 2,57 милиони евра. Вкупните приходи во тој период се зголемиле за 9 насто и достигнале 29,84 милиони евра.

    Главниот мотор на движењата се странските пазар, од каде што е обезбеден прилив од речиси 18,1 милион евра, зад кој стои раст од 14 насто. Продажбата на домашниот терен пораснала за 3 насто и има придонес од над 11,7 милиони евра.

    Ова е важен тренд за Тиквеш, бидејќи компанијата е извозно ориентирана. Според нејзиниот извештај за одржливост за 2025 година, винаријата ги пласира своите вина на четири континенти, со пазари во ЕУ, Велика Британија, САД, Австралија, Канада и Кина, односно во повеќе од 25 земји.

    Што се однесува до бруто-добивката, во првото полугодие е на нивото од 14,4 милиони евра или за 21 насто повеќе од лани. Оперативната добивка, пак, нараснала за 35 настона 4,03 милиони евра.

    Зголемувањето на профитот е постигнато без оглед на различните движења кај трошоците. Издатоците за продажба и маркетинг се намалиле за 6 отсто. Но, останатите оперативни расходи се зголемиле за 16 насто, а административните трошоци за 46 насто, на околу 2,6 милиони евра. Сепак, и покрај повисоките финансиски расходи, добивката пред оданочување пораснала за 21 насто, а нето добивката за 19 насто.

    Во првото шестмесечје Тиквеш инвестирал 390 илјади евра во материјални средства. Од компанијата наведуваат дека финансиските резултати се во согласност со планот и проекциите за годината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично