ПОВЕЌЕ

    Вештачката интелигенција и блокчеин системот можат да го осовременат и да го направат поефикасен и поправеден системот за управување со отпад

    Време зa читање: 4 минути

    Може ли вештачката интелигенција и новите технологии да бидат исползувани и во сегменти од економијата како што е управувањето со отпад. Дали е можно детектирање на одредена пластика или метал во отпадот, со блокчеин технологијата да се бележи определена пратка или да се следи дали одреден отпад навистина завршил таму каде што треба.

    На овие и на други прашања поврзани со осовременувањето на системот за третман и рециклирање на отпад, за NEW BIZ PODCAST со Наташа Велковска зборуваше Дина Арнаут, извршна директорка на РЕДИ Рециклажа.

    „Вештачката интелигенција е технологија на иднината, сите сме свесни за тоа и повеќето веќе на некаков начин користат ВИ, во секотрот за отпад би било идеално доколку ВИ се воведе кај нас, посебно во делот на паметни канти, кои детектираат, да речеме, полност, кога ќе се исполнат во одреден процент, тие автоматски праќаат нотификации до собирачот, кој ќе оди и ќе испразни, место да поминува еднаш неделно или по одредена рута, што би го оптимизирало целиот процес на оператива, нема да има непотребно возење, испуштање гасови. ВИ би го олеснила, би го направила поевтино целосното управување со отпад, доколку би се вклопила и во државниот систем за управување со отпад, но и во приватниот сектор кој работи во секторот отпад“, вели Арнаут.

    За извршната директорка на РЕД Рециклажа, меѓутоа, уште поинтересен е блокчејнот кој според неа е еден од најдобрите начини да се формализираат неформалните собирачи на отпад. „Ова е замисла која јас ја имам веќе некое време меѓутоа не знам дали и кога би се инкорпорирала кај нас. Блокчејнот би можел да помогне еформалните собирачи на отпад да се вклопат во формалниот систем без да се вклучат во РЕДИ Рециклажата или во комуналниот сектор. Тие би имале свој дигитален ИД код, којшто количините кои ги собрале на начинот на кој го собираат ќе го однесат во рециклажниот центар, ќе го дадат својот код и ќе се отчитаат во системот, со што автоматски влегуваат во ланецот на известување, таму ќе остане забележано дека некој поединец донел пет килограми пластика и тоа нема да може да се смали или смени, втор дел од тој ланец е што таа суровина се носи во центар за третман, рециклажа и се скенира на секоја од овие точки и кога товарот ќе пристигне на конечната точка на својот пат, односно во рециклажа, неформалниот собирач би бил платен автоматски преку блокчејн и со самото тоа неговата работа е формализирана, признаена и соодветно платена. Со ова, тие би можеле да се интегрираат во официјалниот државен систем за третман на отпад“.

    На ваков начин, таа смета дека блокчејнот навистина би ја исполнил мисијата на РЕД Рециклажа како социјално претпријатие, но и во сите други сегменти на управување со отпад, посебно кај електронскиот отпад би помогнало кај транспарентноста бидејќи би се знаело секое парче отпад од каде е, каде е и дали е рециклирано, што би помогнало не само кај државниот систем за управување со отпад туку и кај ЕСГ напорите на приватниот сектор бидејќи тие би можеле да го следат отпадот кој тие го произведваат до крајната цел и потоа во известувањето нема да можат да постојат ниту фиктивни количини ниту фактури туку сето тоа би било транспарентно.

    Исто така, многу често, вели Арнаут, им се јавуваат граѓаните дека кантата е преполнета или не се сервисира доволно често, иако се сервисира редовно, но многу често знаат граѓаните да не го селектираат отпадот соодветно па да има и градежен шут и секакви можни отпадоци внатре. “Вештачката интелигенција би ми била мене од корист бидејќи би се оптимизирала целата работа на нашето претпријатие и би заштедиле многу ресурси кои можат да бита потрошени на нешто друго“, смета Дина Арнаут од РЕДИ Рециклажа, за NEW BIZ PODCAST.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcas

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично