ПОВЕЌЕ

    Шпанија ги зголемува даноците за големите компании и луѓето кои најмногу заработуваат?

    Време зa читање: 2 минути

    Шпанската влада вчера го претстави предлог-буџетот за 2021 година, во кој има намера да ги зголеми даноците на богатите и да ги насочи средствата за социјални бенефиции, така што 47 милиони луѓе да поминат низ кризата што е можно побезболно.

    Социјалистичкиот премиер Педро Санчез, заедно со коалицискиот партнер Пабло Иглесијас, најавија зголемување на даноците за големите компании и физичките лица чии годишни приходи надминуваат 200.000 евра, како и за луѓето чии средства вредат повеќе од 10 милиони евра.

    Левичарската влада има намера собраните средства да ги пренасочи кон малите и средни претпријатија, како и кон туризмот, кој од март ги чувствува тешките последици од кризата. Трошоците на владата за туризам треба да се зголемат за 150 проценти, исто како и за здравството, се вели во предлогот на буџетот.

    Санчез рече дека целта е да се намалат ефектите од корона кризата, да се модернизира економијата и да се зајакне социјалната држава.

    Трошоците на државниот буџет се проценуваат на 196,1 милијарди евра, што вклучува 27 милијарди евра, кои треба да произлезат од заедничкиот буџет на Европската унија. Предлогот на буџетот на малцинската влада на Санчез сè уште не е одобрен од парламентот. Според меѓународниот монетарен фонд, Шпанија лани имала буџетски дефицит од 14,1 проценти од БДП.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично