Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, Централна кооперативна банка АД Скопје ги избра најдобрите банкарски службеници, кои се истакнаа во своето работење и покажаа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2019/2020 година.
Им честитаме на Томислав Стефановски – соработник за клиeнтска услуга во Експозитура Куманово и Христијан Настоски – соработник за клиентска услуга во Експозитура Прилеп и им посакуваме успех во понатамошното работење!