Карлос Слим беше најбогиот човек во светот „Форбс“ помеѓу 2010 и 2013 година. Тој е магнат, инженер, инвеститор и филантроп, кој моментално е 7ми најбогат во светот со нето вредност проценета на 45,1 милијарди долари.
Еве неколку лекции кои можеме да ги научиме од него:
1. Започнете рано
Слим отсекогаш знаел дека сака да биде бизнисмен, и тој започна да ги развива своите идеи уште од мали нозе. Многу работи научил од својот татко, кој го научил финансирање, управување и сметководство, како и читање финансиски извештаи, важноста за водење точни финансиски записи, и слично. На 11-годишна возраст, Карлос ја направи својата прва инвестиција во обврзници, која го научи за концептот на камата. Тој уште ја чува секоја финансиска и деловна трансакција што ја има направено во својата лична книга што ја води до денес. На 12-годишна возраст, Слим ја направи својата прва инвестиција во берзата, со купување акции во мексиканска банка. На 15-годишна возраст, Слим стана акционер во најголемата банка во Мексико.
Ако сакате да одите далеку во животот, мора да разберете кои сте вие, што точно сакате, кои се вашите јаки страни и која е вашата страст. Исто така, мора да започнете да работите на остварување на вашите соништа што е можно побрзо бидејќи патувањето до успехот е тешко и долго. Колку порано знаете што сакате во животот, толку се поголеми шансите да бидете успешни.
2. Научете да го гледате тоа што другите не можат
Карлос Слим беше активен бизнисмен во кризата во раните 80-ти години, со големиот пад на цената на нафтата. Капиталот бегаше од земјата, а Слим купи голем број на компании со депресивни вреднувања. Голем број на успешни инвеститори ја имаат способноста да инвестираат кога пазарот ќе пропадне. Ако можете да развиете осет за да го видите тоа што другите не можат да го видат, ќе станете богати и успешни.
3. Заборавете на тоа колку се богати или сиромашни вашите родители
Ова е најважната лекција за секое младо лице. Без разлика дали вашите родители се богати или сиромашни, не треба да игра улога во тоа како вие мислите дека ќе се развива вашата финансиска иднина. Може да научите од родителите и да добиете совет, но тука треба да се стави крај. Колку деца на богати родители стануваат самите богати? Од друга страна, престанете да мислите дека сте обесправени затоа што родителите не се богати. Ако дознаете што сакате во вашиот живот и сте подготвени да го барате тоа, статусот на успех на вашите родители нема да биде важен. Всушност, можете да одлучите да бидете мотивирани или депресивни од тоа кои се вашите родители.
Да се има богат родител, доаѓа со свои недостатоци. Ќе имате тенденција да верувате дека сè е наместено за вас и не ви треба многу брзање. Ова е погрешно затоа што успехот не може да се пренесува. Може да наследите милион долари од вашата мајка, но не можете да го наследувате исполнувањето и радоста што доаѓа од заработка на милион долари. Може да наследите милијарди долари од вашиот татко, но не можете да ги чувате, или пак да истите да растат без да знаете што да правите со нив. Животот е далеку покомплексен отколку што мислиме. Вие сте решението во вашиот живот.
4. Најдете ја радоста во самиот процес
Карлос Слим живее во релативно скромна куќа повеќе од 40 години. Тој сам се вози себеси во неговата канцеларијата која е помалку од 2 километри од неговиот дом. Многу млади луѓе мислат дека можат да бидат среќни само со најновите телефони, најмодерните телевизори, нивните нови чевли или коли. Вистината е дека вие можете да бидете среќни неколку дена откако ќе купите нешто ново, но после тоа, ќе се вратите во претходната состојба. Вистинската радост е во процесот, а не во сопственоста.