ПОВЕЌЕ

    Бугарските искуства од излегувањето на берза претставени пред членките на Клубот БУМ

    Време зa читање: 2 минути

    Клубот БУМ, чија цел е да придонесе за поврзување на компаниите и инвеститорите, го одржа првот состанок годинава, на кој, меѓу другото, претставниците на актуелните и на потенцијалните членови слушнаа за тоа какви можности носи овој начин на организирање во соседството.

    Преку презентации, претставниците на берзата од Софија го претставија нивниот „пазар за растечки компании“, кој во Бугарија функционира веќе извесно време. А, своите успешни приказни и искуства од излегувањето на берза и привлекувањето нов капитал, пред македо нските колеги ги изнесоа Николај Мартинов од Impulse Growth, Јани Драгов од Smart Organic и Симеон Илиев од MFG Invest.

    На состанокот се обратија главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, и Драган Давитков – директор на PwC во земјава.
    Во Клубот БУМ – Берзата и успешните во Македонија засега членуваат дваесеттина компании од различни бизнис сектори. Постои од октомври лани, а е формиран од Македонска берза и PWC Северна Македонија, чиј партнер е Сојузот на стопански комори.

    Целта е да им се обезбеди стратешка поддршка на домашните компании за нивен одржлив раст на долг рок, обезбедување специфичен know-how и комуникација со останати компании, со организаторите и партнерите на клубот, како и со избрани релевантни регионални субјекти. Клубот примарно настојува да помогне во поврзувањето на инвеститорите и компаниите – членки, со акцент на финансирање на бизнисите преку пазарот на капитал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично