ПОВЕЌЕ

    Делат „брзи кредити“ – прават профити, а немаат вработени

    Време зa читање: 6 минути

    Странски капитал преку Русија, Латвија, Естонија па се до Америка, а најдоминантен од Бугарија е присутен во финансиските друштва во земјава кои делат „брзи кредити“ за граѓаните покажува анализата на Таргет Груп. Финансиските друштва се покажаа како „атрактивен залак“ за странските инвеститори во финансискиот сектор во земјава, особено што се смета дека овој „бизнис“ е на самиот почеток и нуди можности за профитабилност. “

    Бугарскиот капитал – најдоминантен во финансиските друштва во земјава

    Секторот финансии, и преку финансиските друштва кои практично се во „зародиш“ се покажува атрактивен и за странскиот капитал. Дел од финансиските друштва во земјава имаат сопствеништво од странство со доминација на бугарски капитал.

    Конкретно, од вкупно 24 финансиски друштва колку што ги има во земјава  дури 11 имаат капитал од странско потекло. А освен бугарскиот присутен е капитал и од други земји, меѓу кои и Русија и Америка.

    Дека овој пазар станува се поатрактивен покажува и тоа што од вкупно 24 финансиски друштва кои даваат „брзи кредити“ за граѓаните,  шест  се отворени во текот на минатата година. Лани, за првпат влегува компанија која е со капитал од Латвија, а од останатите отворени во текот на минатата година, две се од Бугарија и уште три со домашен капитал.

    Дури шест од финансиските друштва што постојат во земјава се со бугарски капитал, но едно од нив е во ликвидација. Практично, бугарскиот капитал во финансиските друштва во земјава влегува уште во 2014 година, кога е основана компанијата М КЕШ, и потоа во изминатите години се отвораат уште пет други финансиски друштва со капитал од Бугарија.

    Освен М Кеш со бугарски капитал во земјава  МАККОМ ЗАЛОЗИ, потоа ЕАЗУ ФАЈНАНС, КРЕДИСИМО  и КРЕДИ ЈЕС . Бугарски капитал има и финансиското друштво ВИКТОРИЈА 111  – во ликвидација, кое е отворено на крајот на минатата година.

    Финансиско друштво ТИГО  ФАЈНАНС  и МОГО КРЕДИТИ  имаат странски капитал со потекло од Латвија, ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА  потекло од Естонија. Во финансиско друштво ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ доминира сопствеништво од Русија, а  во охридското финансиско друштво МОНИМАКС ФИНАНСИСКО од Америка.

    Според анализата на „Таргет  Груп“ дел од овие фирми кои имаат капитал од странско потекло се високо рангирани според сите критериуми, приходи, добивки и број на вработени.

    Финансиски друштва прават високи профити и без вработени

    Финансиско друштво КРЕДИСИМО  со бугарски капитал во сопственичката структура, минатата година има добивка од 812. 000 евра. Тоа е најголемата остварена добивка во текот на минатата година кај финансиските друштва. Оваа компанија последните три години бележи континуиран раст на приходите и добивката а нема ниту еден вработен.   

    Ова финансиско друштво кое високо котираше и според остварените приходи, во 2019 година имало раст на добивката 129,28% а во 2018 година во однос на 2017 година растот на добивката бил 104,98%.  Во 2019 година во однос на 2018 година растот на приходите изнесувал 50,04%.

    На второ место според висината на добивката е финансиското друштво СН ФИНАНСИИ од Битола. Лани имале профит од 719. 000 евра кој во однос на 2018 година е зголемен за 17,61%. Оваа битолска компанија формирана е на крајот на 2016 година, па со самото тоа во 2018 година во однос на 2017 година прикажало раст на добивката за 593,26%.

    Големи стапки на раст прикажува и кај приходот, во 2019 година во однос на 2018 година за 62,74%. Но, тука расте и бројот на вработени. Односно од 10 во 2017 година веќе во 2019 година има 21 вработен.

    Следува ТИГО ФАЈНАНС каде лани имало добивка од 678.500 евра. Оваа компанија од  Латвија е формирана на крајот на 2017 година, и веќе лани бележи висока добивка. Значаен раст во текот на минатата година има и кај приходите. Ова финансиско друштво воедно има и најголем број на вработени, кои од  8 во 2017 година веќе во 2019 година стигнуваат до 85.

    Финансиското друштво ДП од Битола, со добивка од 613.200 евра во 2019 година е на четвртото место според остварена добивка. Сепак, оваа компанија во текот на 2018 година имала поголема добивка од она што го остварила лани. Односно, добивката во 2019 година е намалена за 16,28%. Воедно во 2019 година регистриран е и пад на вкупните приходи за 15,02%.

    На петто место со остварена добивка од 609. 000 евра е ФИНАНСИСКИ КРЕДИТЕН ЦЕНТАР БС. Фирма која во 2019 година во однос на 2018 година прикажува раст на профитот за 197,83% а во 2018 година во однос на 2017 година растот бил 117,08%.

    Со добивка од речиси 342 000 евра на петто место е Финансиското друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА. Ова скопско финансиско друштво прикажува и големи стапки на раст на приходите, кои во 2019 година во однос на 2018 година се зголемиле за 138,88%.

    Од расположливите податоци за остварените добивки на финансиските друштва за 2019 година, поголем дел прикажале раст на профитот на годишно ниво и тоа ЦЕМАК – КРЕДИТИ ДОО Прилеп со 12,72%,  ПЕОН ДОО Струмица со раст од 4,34%, МЛАДИНЕЦ ДООЕЛ Скопје со 60,54% и ПЕЛИСТЕР ДООЕЛ, Битола со 26,06%.

    Вработени во финансиските друштва

    Девет од вкупно 24 анализирани финансиски друштва во 2019 година имале број на вработени поголем од десет. А интересено е дека финансиското друштво Кредисимо кое има најголем профит минатата година нема вработени во последните три анализирани години.

    Најмногу вработени или 85 имало финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС кое прикажува континуиран раст на вработувањата кои во 2019 година во однос на 2018 година се зголемиле за 174,2%.

    Со 58 вработени високо котира Финансиско друштво ИУТЕ КРЕДИТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје каде на годишно ниво вработеноста се зголемила за 93,33%, следува ДИЏИТАЛ ФАЈНАНС ИНТЕРНЕШНАЛ ДООЕЛ Скопје со 29 вработени и раст на вработеноста за 11,54%, потоа е битолското СН ФИНАНСИИ ДОО со 23 вработени и раст на бројот на нововработени за скоро 92% а зад него е МОНИМАКС ФИНАНСИСКО ДООЕЛ од Охрид со 21 вработени и стапка на раст на вработеноста од 75%. Останатите финансиски друштва имаат помалку од 19 вработени, а некои прикажуваат и намалување на бројот на вработени во 2019 година во однос на 2018 година.

    Анализа на податоци: Таргет Груп

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично