ПОВЕЌЕ

    Бизнисот сака од шеста да заигра во прва лига – Мицкоски вети Владата ќе остави срце на терен

    Време зa читање: 3 минути

    Владата е партнер на бизнисот, кој веќе во првиот есенски месец ќе ги добие поволните 250 милиони евра. Со банките и ќе се разговара да го пласираат под истите услови по кои е договорен со земјата членка на ЕУ и на НАТО, Унгарија. Бизнисот, пак, се обврзува на зголемена продуктивност и креирање нови работни места, но за возврат очекува чесна работа од страна на владиниот состав и исполнување на ветеното – борба против митото и корупцијата, градење институции истимулирање на деловните активности. Ова беше нагласено од премиерот Хрстијан Мицкоси и и од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на денешното одбележување на 102-годишнината од постоењето на најстарата коморска институција во земјава.

    Премиерот е еден од петмината наградени. Ја доби наградата за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија. Во таа категорија награда доби и УСАИД.

    Награда за долгогодишна коморска активност годинава ја понесоа Илија Гечев од ИГМ Кавадарци и Петар Спасеноски од АСП-ПАК Охрид.

    За воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда награден е ЕВН Македонија.

    Во оваа пригода Мицкоски ги слушна очекувањата на деловната заедница од новата Влада.

    „Право и закони имаме можеби најмногу во Европа, а со производство и производи никаде не нема. Малите и средни извозни претпријатија треба да се ‘рбетот на македонската економија. Треба да се присутни во регионот, на европските, на светските пазари. Да си прв во мала економија, не е добро“, порача Петар Спасеноски, нагласувајќи дека е доволно само да се каже една реченица – Македонија извезува земјоделски производи за 200 милиони евра, а увезува за една милијарда евра.

    Владиниот економски тим е последната шанса за македонската економија, смета Илија Гечев, кој најави дека бизнисот ќе го помага владиното делување во таа насока.

    „Не сакам да играм во шеста лига, сакам во прва“, категоричен е Гечев, која објави дека ИГМ сака со Владата да ја направи најголемата инвестиција, за што има потенцијал.

    „За мене ова е голема чест, но и голема одговорност. Во изминативе триесеттина дена оставаме срце на терен за да исправиме направиме нешто што го наследивме како погрешно. Настапуваме патриотски, затоа што државата и граѓаните се нашиот интерес. Наш интерес е домашната економија да се развива“, изјави Мицкоски.

    Исто така, Мицкоси е согласен со укажувањата на биз нисмените, дека делот од унгарскиот кредит наменет за општините мора да се реализира со строга контрола.

    „Општините да не се надеваат дека бланко ќе ги добијат и ќе може да си ги трошат како што сакаат тие 250 милиони евра. Тие ќе легнат на специјална сметка што ќе ја отвори инистерството за финансии, а ќе се исплаќаат фактура по фактура за завршената работа“, појасни премиерот. Притоа, вели, само сериозни проекти со добиена последна дозвола за градба, со целосна документација, ќе можат да конкурираат за тие пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично