ПОВЕЌЕ

    Биткоин и крипто измама – Како да се заштитите во Македонија?

    Време зa читање: 7 минути

    Содржината на овој артикл доаѓа од страна на искусен крипто трговец од нашата држава. Ова се неговите зборови и реченици збор до збор.

    Биткоин и крипто превари се актуелни и кај нас, поради таа причина и лично искуство во таа област го пишувам текстов. Доколку некој има слично искуство или сака да допринесе за заштита и превенција на Крипто Заедницата во Македонија, па и пошироко слободно нека остави коментар на овој артикл.

    Уцена

    Бидете претпазливи во обидите за уцена во кои странци ви се закануваат во замена за биткоин, како средство за изнудување. Едно вообичаено извршување на овој метод е преку е-пошта, при што испраќачот пренесува порака во која се тврди дека тој / таа го хакирал вашиот компјутер и работи преку протокол за далечинска десктоп контрола (RDP). Испраќачот вели дека е инсталиран клучар за записи и дека вашата веб-камера е искористена снимени како правите нешто за што можеби не сакате другите да знаат за тоа. Испраќачот ви дава две опции — испратете биткоин за да го потиснете материјалот или одбијте и видите си ја содржината испратена до вашите контакти преку е-пошта и да се шират низ вашите социјални мрежи. Измамниците користат украдени листи со е-пошта и други информации што ги откриваат корисниците за да ја водат оваа шема преку илјадници луѓе масовно.

    Лажни менувачници

    Како што БТЦ добива на популарност, се повеќе луѓе сакаат да се стекнат со БТЦ. За жал, постојат злобни манипулативни луѓе и ги искористуваат овие лажни менувачници како мамка за луѓето, нудејќи есктремно ниски понуди мислејќи дека ќе ќарат со лесен и брз пристап до ефтин биткоин (но за жал на крајот се измамени). Човечки фактор алчност. Осигурајте се да користите менуванчница со репутација, транспарентност, легитимност на работење кога купувате или продавате.

    Бесплатни раздавања

    Поради природата на нештата колку брзо онлајн се шират информациите преку интернет, преварантите бараат начин да ги искористат луѓеto нудејќи им бесплатно раздавање на биткоин или други валути во замена за тоа да испратите мала сума на сајтот за регистрација или да им обезбедите некои ваши лични податоци.

    Кога ќе видите вакво нешто на вебстрана или друштвени мрежи, најдобро е само да ја пријавите содржината како измама, за другите да не бидат измамени.

    Преправање или превземање идентитет

    За жал многу е лесно за преваранти да направат акаунт на друштвените мрежи и да имитираат други луѓе или превземаат идентитет. Најчесто чекаат додека личноста што ја имитираат да објави нешто. Преварантот тогаш одговара преку пост или нуди понуда преку приватни пораки или како бесплатно раздавање, користејќи се со акаунт сличен на автентичниот автор.

    Ова ги прави да излгедаат како да се автентични. Ако добиете чудно барање или понуда преку некого од вашите мрежи, најдобро е да ги проверите неколку пати и да ја потврдите точноста преку повеќе медиуми за општење.

    Вирус

    Хакерите стануваат се покреативни со начините како да украдат од луѓето. Кога испраќате биткоин, секогаш осигурајте се да ја проверите неколку пати адресата на која што испраќате. Некои прогарми со вируси, откако се инталираат можат да ја менуваат биткоин адресата откако се ископирува и пастира истата, така што биткоинот неприметно се испраќа на адреса на хакерот.

    Шансите се премали да се врати испратениот биткоин откако е веќе еднаш конфирмиран на блокчејн мрежата. Совет добро е да се биде претпазлив на кои програми им давате администраторски права и пристап до вашите уреди, скенирање вируси може да помогне но е е целосна заштита. За секој случај, проверувајте ги своите адреси секогаш кога правите трансакција.

    Средба во живо

    Кога купувате или продавате во живо локално, другата страна може да ви побара да се најдете во живо да изведете размена. Ако не е некој кого го познавате, верувате, предлогот станува доста ризичен и може да резултира да бидете ограбени или повредени.

    Преварантите користат фалсификати за замена за биткоин, или ве наговараат на големи зделки и суми, глумат важни, брзаат или се прават дека не се разбираат, прават сцени. Секогаш проверувајте ги средствата, адресата, коините, чекајте да ви се расположливи и не се доведувајте во ситуација на слабост или загуба.

    Превари со трансфер на пари

    Не одговарајте на мејлови од странци кои ви кажуваат дека им треба помош за пренос на средства, каде што за возврат на вашата услуга ќе добиете дел од средствата.

    Фишинг мејлови

    Бидете претпазливи од мејлови кои што се претставвуаат дека се грижа на корисници од услуги кои што вие ги користите или сте претплатени каде ве повикуваат да делувате. Пример да промените или ресетирате пасворд, да кликнете на линк за да обезбедите активација на одреден акаунт. Знае да биде тешко да ја приметите разликата помеѓу лажен емаил кој што ве наведува да го компромитирате акаунтот и легитимен испратен од страна на производот или услужните дејности кои ги користите. Секогаш кога сомневате, проверете ја автентичноста на комуникацијата неколку пати, препрате те ја на компанијата користејќи ја нејзината официјална електронска пошта од нивниот сајт, јавете им се телефонски или преку друштвените мрежи.

    Фишинг вебстрани:

    Најчесто одат во тандем со фишинг мејлови. Фишинг мејловите може да ве поврзат со лажен сајт создаден да ви ги украден податоците за логирање или да ви инсталриа вирусен програм. Не инсталирајте програми и не се логирајте на странци за кои што не сте 100% сигурни дека не се лажни. Фишинг странците може да се појават и како спонзорирани резултати од пребарувачите или на пазарот за апликации кои се користат од мобилните телефони/таблети. Пазете да не симнувате лажни апликации или да кликнете на спонзорирани линковик кои водат до лажен вебсајт.

    Понзи шеми

    Не учествувајте во понуди каде еден или повеќе луѓе ви нудат загарантирана заработка во замена за депозит однапред. Ова е позната Понци шема каде што идни депозитори се користени да ги исплатат претходните инвеститори. Краен резултат е најчесто луѓе што губат многу пари.

    Пумпање и исфрлање (pump and dump)

    Не верувајте на луѓе кои ве наговараат да инвестирате бидејќи тврдат дека знаат која ќе биде цената на биткоинот. Во шема на пумпање и исфрлање, поединец или група луѓе пробуваат вештачки да ја испумпаат цената за да ги исфрлат коините што ги чуваат за профит.

    Лажни новчаници

    Eден од начините да се провери дали е ок, ако сајтото од новчаникот има Hypertext Transfer Protocol Secure (HTTPS), доколку има http тогаш е контролиран и заклучен сообраќај и постои можност за крадење податоци, средства. Секако да се читаат препораки и темелно да се проверуваат преку други медиуми.

    Пирамидијални шеми

    Нудат повраток на инвестиција и заработка со тоа што ке зачлените нови луѓе, најчесто нема значајна добивка и во голем дел пропаѓаат.

    Дали вие сте имале искуство со измамници во крипто светот?

    Автор: Томи Лашков

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично