Чувството на припадност, грижа и сигурност не треба да биде привилегија, туку основа за секое детство. Затоа, по повод Меѓународниот ден на семејството, Бимилк ја продолжува својата поддршка за СОС Детско село, потврдувајќи го долгогодишното партнерство насочено кон децата на кои им е најпотребна љубов, грижа и чувство на сигурен дом.
Компанијата останува посветена на континуирана помош преку месечна финансиска поддршка и донации во производи, со цел да придонесе за посигурно и постабилно секојдневие за децата и младите од ранливи категории.
„Семејството е првата средина во која детето ја учи љубовта, ја чувствува сигурноста и го гради чувството на припадност што го следи низ целиот живот. Како компанија со долгогодишна посветеност кон семејствата и заедницата, веруваме дека грижата за децата е заедничка одговорност што ја споделуваме сите ние во Бимилк. Токму затоа, продолжувањето на партнерството со СОС Детско село за нас има посебно значење. Ова не е само донација, туку долгорочна посветеност да бидеме присутни таму каде што поддршката е најпотребна. Веруваме дека со континуирана помош, со искрена грижа и со заедничко делување можеме да придонесеме повеќе деца да почувствуваат дека не се сами, дека некој верува во нив и дека имаат стабилна основа врз која можат безбедно да растат, да се развиваат и да ги градат своите идни соништа“, нагласи Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.
Од СОС Детско село велат дека поддршката од компании кои искрено ја препознаваат важноста на сигурната и стабилна средина за секое дете има огромно значење за нивната мисија.
„Секое дете заслужува да расте во средина исполнета со љубов, сигурност и поддршка. Токму тие вредности се темел за здраво и среќно детство. За нас, особено значајни се партнерствата со компании кои не помагаат само еднократно, туку континуирано и искрено ја поддржуваат нашата мисија – ‘ниту едно дете да не расте само’. Бимилк е наш долгогодишен партнер кој преку својата посветеност и поддршка придонесува да продолжиме да создаваме посигурно секојдневие, чувство на припадност и можности за раст и развој во стабилна и грижлива средина за децата и младите од ранливи категории. Веруваме дека токму преку вакви партнерства можеме заеднички да создадеме подобра иднина и повеќе можности за секое дете“, велат од СОС Детско село.
Преку ова партнерство, Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат долгогодишната соработка насочена кон обезбедување континуирана поддршка таму каде што таа е најпотребна.
Преку ова партнерство, Бимилк и СОС Детско село ја продолжуваат долгогодишната соработка насочена кон обезбедување континуирана поддршка таму каде што таа е најпотребна.
Аналитика








