ПОВЕЌЕ

    „Becutan Kids Vits“ и за децата во Монголија – Брендот на „Алкалоид“ освојува нови пазари

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Becutan Kids Vits“, добро познатиот бренд од производната палета на „Алкалоид“, е достапен и во Монголија. Присуството на тој пазар македонската фармацевтска компанија го зацврстува со проширување на портфолиото, што опфаќа дополнителни четири производи од сегментот додатоци на исхрана.

    „Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите“, порачуваат од „Алкалоид“.

    Во Монголија производите на „Алкалоид“ добро котираат, на што укажува и податокот дека во текот на минатата година кај продажбите е забележан раст од 87 насто.

    Компанијата лани го зголеми извозот за 17 проценти, а 69 отсто од вкупните продажби се остварени на странските пазари – во земјите од сите делови на Европа, во Канада, Јужна Африка…

    Што се однесува до „Бекутан“, минатата година одбележа 45 години постоење, со произведени над 60 милиони производи, кои ги има повеќе од 30 основни типови, спакувани во над 50 различни форми на амбалажа и продадени многу повеќе од 250 милиони.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично