ПОВЕЌЕ

    Банките се плашат од конкурентите на Big Tech и бумот на пазарот за безготовински плаќања

    Време зa читање: 2 минути

    Како што расте глобалниот безготовински промет и се развива конкуренцијата на Fin Tech и Big Tech, банките и понатаму прифаќаат отворено банкарство преку размена на податоци, партнерства и отворени платформи, се вели во извештајот на Capgemini.

    Најновиот извештај за светските плаќања покажува дека обемот на трансакциите за безготовинско плаќање рапидно расте, особено на пазарите во развој на Азија (со раст од 32%) и Централна Европа, Блискиот Исток и Африка (со раст од 19%). До 2022 година, безготовинските трансакции се очекува да достигнат една милијарда – што претставува годишна стапка на раст од 14%.

    Сепак, помеѓу анкетираните учесници од 18 земји во истражувањето на Capgemini, повеќето се загрижени отколку оптимисти за темпото и насоката на промените на пазарот, а пред сé поради главните технолошки предизвици и недостатоците на отворено банкарство.

    Скоро две третини за водечки конкуренти на Big Tech ги идентификуваат компаниите како што се Facebook, Google, Apple и Amazon како еден вид закана, бидејќи тие постојано ги зголемуваат и надоградуваат: глобалниот дострел, капиталот на брендот, довербата на клиентите и одличното корисничко искуство.

    Повеќето напори за дигитална трансформација кај 60% од банките е усогласеноста на регулативата. Усвојувањето на API (Application programming interface – Комуникациски протокол помеѓу клиент и сервер) надвор од она што го бара регулативата, се одвива со бавно темпо: повеќето банки не планираат да имплементираат API што изложуваат податоци по области, вклучително исплати помеѓу банки или локации на филијали / банкомати.

    Онаму каде што банките не се овластени да споделуваат повеќе податоци, тие вообичаено избираат да не го сторат тоа, а отворениот API „повеќе се смета како игра за регулирање на усогласеноста, отколку како можност за раст“, ​​се вели во извештајот.

    „Глобалниот пејзаж за плаќања минува низ значителна еволуција, но не сите се чувствуваат пријатно со темпото и насоката на промени“, вели Anirban Bose, директор на деловната единица за стратешки финансиски услуги на Capgemini.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично