ПОВЕЌЕ

    Балканот се отвори – Лесно до единствена дозвола за работа во Македонија, Србија и Албанија

    Време зa читање: 3 минути

    На работа во Србија или Албанија само со единствен број за идентификација е придобивката од иницијативата за слободен пристап до пазарот на труд во рамките на „Отворен Балкан“. Веќе утре ќе бидат познати деталите за начинот на кој ќе се аплицира и како ќе функционира системот за заеднички работни дозволи меѓу трите земји.

    „Утре е петти март, така што ќе стапи на сила системот за препознавање на работните дозволи меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија. Ова многу ќе придонесе за развојот на пазарот на трудот и флуктуацијата на кадрите“, изјави српскиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали, на Бизнис форумот на Копаоник.

    Според пишувањето на српските медиуми, прво треба да се креира електронски идентитет на  националниот портал за е-управа, а потоа и идентификациски број (ИД). На тој начин апликантот веднаш ќе добие ИД број на „Отворен Балкан“, а потврда за тоа ќе му пристигне на личната е-меил адреса, во вид на електронски документ.

    Откако ќе се комплетира оваа едноставна постапка и ќе се избере земјата каде што заинтересираниот сака да работи, можен е пристап до порталот е-управа, каде што ќе достави барање за слободен пристап до пазарот на трудот. Повратен одговор може да се очекува најдоцна во рок од 30 дена, во кои се прави проверка на апликантот и се носи одлуката.

    Тоа, пак, значи дека граѓаните од Македонија, Србија и Албанија, каде и да отидат, ќе можат можат да се вработат под истите услови како и жителите на државата што ја одбрале како свое одредиште. Дозволата е со важност од две години, а по истекот може да се продолжи. Инаку, порталите е-управа на трите земји ќе бидат меѓусебно поврзани.

    Од заедничкиот пазар на трудот се очекува дека корист ќе имаат граѓаниите од овие три држави, а со тоа и домашните економии и регионот. Исто така, се смета дека ќе се намали и недостигот од кадри, проблем со кој се соочуваат компаниите и од Србија, и од Албанија и од Македонија. Предвидувањата се дека слободниот протокот на работната сила, неоптоварен со административни процедури, најмногу ќе се рефлектира во ИТ секторот, во градежништвото, туризмот и угостителството.

    За Србија, според Мали, многу е важно да привлече нова работна сила, пред се поради плановите содржани во програмата „Скок во иднината – Србија 2027“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично