ПОВЕЌЕ

    Антони Пешев дел од НО на Стопанска банка Битола – НБРСМ ја потврди одлуката на акционерите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Антони Пешев е независен член на Надзорниот одбор на битолската Стопанска банка. Согласноста добиена од Народна банка ја потврди одлуката на акционерите доесена на крајот од октомври, кога се одржа собраниската седница.

    „Врз основа на Одлука од Собрание на акционери бр.02-14927-1/II-3 од 30.10.2023 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-2171/1 од 22.1.2024 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Антони Пешев“, информираат од Банката преку соопштението објавено на Македонска берза.

    Актуелниот извршен директор на Стопанската комора доби четиригодишен мандат во Банката поради неговото долгогодишно професионално искуство, богатата кариера во различни области од општествено-економското опкружување и големи знаења и репутација. Се смета дека ќе придонесе во работењето на Надзорниот одбор, а беше предложен од двајца акционери.

    На оваа позиција во НО до крајот на август беше Миле Зечевиќ, кој поднесе оставка поради зголемени професионални обврски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично