ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НИЗ ГОДИНИТЕ: Колку сега, а колку пред 10 години ја полнеше синдикалната кошница?

    Време зa читање: 4 минути

    Пари ја пресмета реалната сила на „минималецот“ кај нас и во регионот

    На крајот од 2012 година за прв пат се воведе категоријата минимална плата во нашето законодавство. Тогаш таа изнесуваше 8.050 денари, но не за сите. Во текстилната и во кожарската индустрија, таа беше само 6.260 денари. Оттогаш работите многу се изменија. За март имаме повисока минимална плата од февруарската и таа со новото законско усогласување е 20.175 денари. „Минималецот“ веќе одамна важи за сите и нема дискриминација во однос на работниците во текстилната и во кожарската индустрија.

    Но, колку сега, со вака зголемената минимална плата, може да се покрие минималната синдикална кошница пресметана за потребите на едно четиричлено семејство кое нема дури ни автомобил, а колку се покривала во претходните години? И колку висината на нашата минимална плата е „конкурентна“ во однос на регионот? На овие прашања, Пари бара одговор врз основа на расположливите податоци.

    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА, НО ИНФЛАЦИЈАТА ЈА ЈАДЕ

    Нашите пресметки за учеството на минималната плата во минималната синдикална кошница покажуваат дека низ годините таа во континуитет растела, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до март 2021 година. Во овој период уделот се зголемил од 25 % на 44,5 %, но потоа, со малиот раст на минималната плата од тогашни 14.934 на 15.194 денари покриеноста на синдикалната кошница паѓа на 42,9 %. Покриеноста се намалува и со значајното зголемување на минималната плата од 15.194 на 18.000 денари, како и со последното зголемување на платите што важи од овој март, кое ако се спореди со последните, февруарски податоци, за синдикалната кошница покажува учество од 39,6 %.

    Минимална плата, синдикална кошница и нејзина покриеност со минималната плата

    Година/периодНето износ на минимална платаМинимална синдикална кошницаПроцент на покриеност на кошницата
    2012 8.05031.46525,6%
    20138.05032.144 25,0%
    2014   8.80032.20027,4%
    2015   9.59032.18429,8%
    2016 ‒ август 201710.08032.286 31,2%
    септември 2017 ‒ јуни 2018 12.00032.487 36,9%
    јули 2018 ‒ март 201912.16532.67437,2%
    април 2019 ‒ ноември 201912.50732.858 38,0%
    декември 201914.50032.67144,4%
    јануари 2020 ‒ март 202014.500 32.86644,1%
    април, мај, јуни 202014.50032.865 44,1%
    јули 2020 ‒ март 202114.93433.519 44,5%
    април 2021 ‒ март 202215.19435.37242,9%
    април 2022 – март 202318.00044.506 40,4%
    март 2023 – март 202420.17550.909 (февруари 2023)39,6%

    Извор:  Министерство за труд и социјална политика и Сојуз на синдикати

    МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ХРВАТСКА Е НАША ПРОСЕЧНА ПЛАТА

    Со просечна плата од 20.175 денари, Македонија, во однос на поранешните југословенски републики, поголема минимална плата има само од Босна и Херцеговина. Но, за да имаме пореална слика, затоа што секоја земја си има и поинакви цени, поинаква економска моќ и различни плати, го анализираме соодносот со просечната нето-плата. Според последните податоци, во Македонија, просечната нето-плата во декември 2022 година била 34.364 денари.

    Во Србија има минимална цена на час и таа е 230 динари, односно 121,5 наши денари, и минималната плата зависи од бројот на работните денови, па за март е пресметана минимална месечна плата од 42.320 динари, односно 22.374 денари. Официјалната статистика за Србија има податоци за просечната нето-плата во декември, а тогаш таа била 84.277 динари, или 44.456 денари конвертирано во наша валута.

    Во Црна Гора минималната плата е 450 евра, односно 27.675 денари. Оваа минимална плата е утврдена на 1 јануари 2022 кога се направи значителен скок од 250 евра преку ноќ и засега нема корекција. Просечната нето-плата, пак, во ова земја е 757 евра, односно 46.555 денари, според последните податоци објавени за јануари годинава.

    Во Босна и Херцеговина минимална плата е 280 евра (17.220 денари), а просечната нето-плата во декември била 1.190 конвертабилни марки, односно 37.552 денари.

    Хрватска, иако е членка на ЕУ, е со далеку пониска минимална нето-плата од развиените земји од ова семејство и за 2023 година таа изнесува 560 евра, односно 34.440 денари. Сепак, ова е износ колку нашата просечна нето-плата! Во Хрватска просечната нето-плата во декември изнесувала 7.878 куни, или 64.523 денари.

    Словенија има минимална нето-плата од 878 евра (53.997 денари), а просечна нето-плата во декември била 1.419 евра (87.268 денари)

    Минимални плати во регионот (во денари)

    КомпанијаДобивка 2022 год.Добивка 2021 год.Пад на добивка во однос на 2021 год.
    Макпромет –Штип2.619.00056.838.000– 95,39 %
    Славеј АД Скопје798.4697.114.000– 88,78 %
    Струмичко поле АД с. Василево354.0002.385.000– 85,16 %
    РЖ Техничка контрола АД Скопје2.275.00011.080.000– 79,47 %
    Факом АД Скопје249.000908.000– 72,58 %

    Кога се прават споредбите на минималните плати со просечните плати, што се смета за важен индикатор за нивната висина, треба да се земе предвид и дека за сите земји станува збор за просечна нето-плата во декември (освен Црна Гора, која има податоци за јануари) и дека речиси во сите земји има покачени минимални плати од јануари. Така, реално, уделот на минималната плата во просечната нето-плата, која веројатно има некаков раст по јануари, би бил помал.

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично