ПОВЕЌЕ

    Алико Данготe, најбогатиот Африканец во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Нафтата, шеќерот и цементот го направија нигерискиот бизнисмен Алико Данготе еден од најбогатите луѓе на светот. Според листата на „Форбс“ Алико Данготе од Нигерија е најбогатиот Афиканец во светот, „тежок“ 8.3 милијарди долари.

    На 21. годишна возраст, Алико Данготе позајмил 3.000 долари од неговиот вујко за да увезува и продава земјоделски производи во неговата родна земја, Нигерија. Неговиот деловен потфат брзо станал успех и како резултат на тоа тој успеа да го врати целиот заем во рок од три месеци од започнувањето со работењето.

    Деловната империја што тој започнал да ја гради пред повеќе од три децении, „Данготе Груп“, го направи во еден од најголемите работодавци од приватниот сектор во Нигерија и во Западна Африка.

    Деловните активности на Данготе вклучуваат многу индустрии, нафта и гас, производи за широка потрошувачка и производство. Околу 80% од приходот на неговиот бизнис доаѓаат од „Данготе цемент“. Според списанието „Форбс“, подружницата произведува 44 милиони метрички тони цемент секоја година и работи во 10 африкански држави.

    Данготе е исто така, сопственик на третата по големина рафинерија за шеќер во светот, а заедно, сите негови компании за трговија сочинуваат една четвртина од пазарната капитализација на нигериската берза.

    Алико Данготе, локалното производство успел го претвори во трговија со бизниси обединети во корпорација вредна повеќе милијарди долари.

    Дополнително, Алико Данготе, најавил дека во 2021 година ќе го купи Арсенал.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично