ПОВЕЌЕ

    ПЕНЗИИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, НЕ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ – Актуелната претседателка на СЗПМ, Станка Трајкова нема да оди на големиот протест што го најавуваат пензионерите

    Време зa читање: 4 минути

    ПЛАТИ И ПЕНЗИИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, НЕ ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ – ПРОЦЕНТИТЕ ГИ ПРЕСМЕТАА, НО НЕ И ГРАЃАНСКИОТ РЕВОЛТ

    Платите и пензиите не се симнуваат од дневниот ред и од март наваму се меѓу најчесто третираните теми во јавноста. Пред се, поради тоа што има и случувања од типот на протести и најави за протести, штрајкови и најави за штрајкови…

    Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа на вчерашниот протест пензионерите.

    На протестот, кој се одржа вчера во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

    Актуелната претседателка на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова нема да оди на големиот протест што го најавуваат пензионерите за понеделник во Скопје.

    Таа во гостување на Сител кажа дека ги почитува барањата на пензионерите и нивното право на протест, но вели дека работата не и е на улица.

    Трајкова објаснува дека таа протестира така што работи и е во преговори со институциите, односно со Министерството за труд и социјална политика, на покачување на минималната пензија. Таа истакна дека на ова прашање се работи континуирано уште пред да почнат протестите.

    Е сега, да видиме низ податоци што велат бројките и износите на пари што се слеваат во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија каде актуелна претседателка е Станка Трајкова..

    Сиромашни пензионери, ама богати здруженија.

    Повеќе од 1,8 милиони евра годишно легнуваат на сметка на пензионерските здруженија. Пари кои на пензионерите им се земаат како задолжителна членарина од пензиите. Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување објавена за минатата година, во декември 314.368 пензионери се согласиле да им се запираат пари од пензиите за Солидарниот фонд како посмртнина, а со тоа се согласиле да плаќаат и членарина на здруженијата. Всушност, ретко кој пензионер (вкупно има 335 743 пензионери) не се одлучува за плаќање посмртнина за да им олеснат на фамилиите по смртта, но доколку сакаат да плаќаат посмртнина пензионерите мора да плаќаат и членарина без разлика дали ги користат бенефициите на здруженијата. Додека дел од пензионерите немаат никаква корист што им се запираат 30 денари месечно за членарина, некои добиваат само календар за празници или учество во пензионерски игри, неодамна караниците меѓу кумановските пензионери за покачените надоместоци покажаа дека парите што им легнуваат на сметка на здруженијата очигледно не ги оставаат рамнодушни раководствата.

    Овие 30 денари кои навидум изгледаат минорна сума кога ќе се земат од еден пензионер, кога ќе се соберат од сите 314.368 пензионери не се ниту малку за потценување. Секој месец по овој основ на Сојузот и здруженијата на сметка легнуваат повеќе од 150.000 евра или годишно од пензионерите од членарина во овие здруженија минатата 2022 година се слеае дури 1,843,600 евра.

    во денари

    Пензионерите прашуваат: Дали претседателката Станка Трајкова, има месечни примања од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и дали има дополнителни приходи од истото по ставка на интелектуални трошоци кои се одлеваат од здружението? Дали можеби ова е причината за која не сака да се приклучи на протестот или не сака да се замери со власта бидејќи може и Сојузот да добива дополнителни средства од буџетот?

    Член 32

    Сојузот средствата за финансирање ги стекнува од дел од членарина на здруженијата, доброволни прилози, донации, проекти, подароци (во пари, имот, имотни права), завештанија, легати, како и други приходи и со нив располага во согласност со законот и со Статутот. Сојузот може да добива средства и од Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа и Буџетот на Скопје.

    Р.П

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично