ПОВЕЌЕ

    Акционерите на НЛБ банка ќе поделат 33,6 милиони евра – дивиденда од две успешни години

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на НЛБ банка АД Скопје ќе поделат дивиденда во бруто износ од 2.076.222.291 денар или 33,6 милиони евра. Износот е збир од добивката остварена во деловната 2022 – 27,6 милиони евра (1.702.997.634 денари) и од акумулираните 6,05 милиони евра (373.224.657 денари) од 2021 година. Оттука, бруто дивиденда по акција е 2.431 денар, односно речиси 40 евра. Одлуката е усвоена на последното Годишно собрание, кое се одржа вчера.

    Според утврдениот дивиденден календар, последниот ден на кој може да се тргува со остварување на правото за дивиденда е 12 јуни, а прв ден на тргување без тоа право е 13 јуни. Датумот, пак, за евиденција по што се утврдува листа на акционери за исплата е 14 јуни. Согласно одлуката, исплатата ќе почне еден месец, односно на 30-от ден по одржаното Собрание.

    Освен за дивиденда, од вкупната добивка за минатата година, која по оданочувањето е во износ од 39,4 милиони евра (2.433.910.275 денари), средствата се распоредуваат и за задржана добивка за инвестициски вложувања – речиси три милиони евра (180.000.000 денари) и близу девет милиони евра (550.912.641 денар) за општ резервен фонд.

    Исто така, и од акумулираната добивка од 2021 година, која е во износ од 12,04 милиони евра (742.385.880 денари), покрај делот за дивиденда, средства во висина од речиси шест милиони евра, односно 369.161.223 денари се наменети за општиот резервен фонд на НЛБ банка.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично