ПОВЕЌЕ

    Акционерите на НЛБ банка ја добија дивидендата – 2.596 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка ја исплати дивидендата за 2024 година. Акционерите поделија вкупен износ од 2.217.142.356 денари, а во евра – над 53,6 милиони. За секоја акција им се исплатени по 2.596 денари, бруто. Овој износ се рангира како втор по големина меѓу компаниите што котираат на Берзата и кои исплаќаат дивиденда.

    НЛБ Банка има издадено вкупно 854.061 обична акција.

    „Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок“, информираа од Банката преку Македонска берза.

    Делови од добивката остварена за успешно одработената 2024 година беа насочени кон инвестициските вложувања – 3,75 милиони евра и кон опшиот резервен фонд – 13,4 милиони евра.

    Оваа банка, која е дел од големата банкарска тројка, годинава одбележува четири децении постоење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично