ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: Администрација – каде работат докторите на науки, основците доминираат во јавните претпријатија!

    Време зa читање: 4 минути

    46,1% од етничките Македонци вработени во јавниот сектор се со високо образование, кај Албаниците овој процент е поголем и изнесува 54,7%   додека со високо образование се 40,7% од  Бошњаците. Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0%, пишува “Порталб“. Според степенот на образование – распоредот на “силите” на вработените во администрација е различен.

    Најголем дел од вработените во јавниот сектор со високо образование…

    Скоро половина од вработените во јавниот сектор се со високо образвание, а веднаш зад нив се оние со средно. Конкретно од вкупниот број на вработени 52 891 се со факултет, а 38 493 се со средно образование. Во јавниот сектор само 2,4% се доктори на науки, додека 8,3% се со основно образование.

    “Најнизок степен на образование за кој е предвидено работно место во јавниот сектор е основното образование – за определени работни места во јавните претпријатија, додека за најголемиот број на работни места е предвидено средно или високо образование” – се наведува во Извештајот на МИОА.

    Образовна структура во Јавен сектор

    Доктори на науки                                 2,38%

    Магистри                                                 3,84%

    Високо образование                            47,40%

    Вишо образование                                3,15%

    Пост-средно образование                   0,48%

    Средно образование                            34,50%

    Основно образование                            8,26%

    Ако се навлезе подлабоко во анализата за степенот на образование на вработените во институциите, забележително е дека Секретаријатот на Владата е институција со најголем број на високообразован кадар – 80% од вработените, зад него е Владата каде 67,5% од вработените се со високо образование, а повеќе од 60% од вработените се со високо образование во Министерствата, Народен правобранител, Органи во состав на министерство, Претседател на држава и Судски совет.

    Од друга страна вработени со средно образование доминираат во Јавните претпријатија 57,1%, Јавно обвинителство 51,3%, Служба во Владата 70,8%, Суд 57,9%.

    Докторите на науки се концентрирани во неколку институции како што се Јавни установи, Народна банка, Претседател на држава.

    Доктори на науки

    Јавна установа                        3,8%

    Претседател на РСМ             3,5%

    Народна банка                       2,8%

    Секретаријат на Влада         2,7%

    Во Судски совет, Уставен суд, Совет на Јавни обвинители и Јавно обвинителство, докторите на науки се застапени со 0%.  Од друга страна, “основците” ги нема во Влада, Претседател на држава и во Уставен суд, но затоа доминираат во Јавните претпријатија со 25,1%.

    “Имајќи ја во предвид самата структура на јавниот сектор и институциите кои се опфатени со истиот, како и видот на работните места кои се нудат, може да се изведе заклучок дека во јавниот сектор постои огромна разлика во однос на степенот на образование кој е потребен за да може да се пополни работно место во овие институции„ – се наведува во Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 та.

    Образовната структура на вработените во јавниот сектор кои припаѓаат на различните заедници е различна – со високо образование се 46,1% од Македонците, 54,7% од  етничките Албанци, 40,7% од Бошњаците, 52% од Власите. Скоро 60% од етничките Роми вработени во јавниот сектор се со основно образование, 28,1% се со средно образование, а 10,8% од вработените Роми се со високо образование. Од друга страна, доктори на науки има најмногу од Влашката етничка заедница, скоро 4%, следуваат Македонците со 2,74%, а по нив се докторите на науки од Српската етничка заедница со застапеност од 2,24%.

    Различна е застапеноста на вработените од различни етнички заедници и на локално ниво. Етничките Македонци со повеќе од 90% се застапени во општините Аеродром, Битола, Берово, Гази Баба, Виница, Гевгелија, Градско, Дојран, Кратово и други. Етничките Албанци со 100% застапеност се во Арачиново, Боговиње, Липково, додека со над 80% се застапени во Теарце, Сарај, Желино, Дебар, Врапчиште. Етничките Роми се најзастапени во општините Берово и Битола со скоро 2%, во Кочани, Бутел и во Дебар со  речиси 3%, во Штип со 3,4%, а најмногу во општина Шуто Оризари со 35,3%. Етнички Турци со 16 % се најзастапени во општина Долнени, 11,1% во Конче, Маврово и Ростуше, а со скоро 90% во Центар Жупа и со 23% во општина Студеничани. Етничките Срби со 21,2% се најзастапени во општина Старо Нагоричане.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично