ПОВЕЌЕ

    НОВА ИНВЕСТИЦИЈА: Турски ,,Текнопанел” отвара фабрика за кровни панели, плата 33.500 денари

    Време зa читање: 3 минути

    Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија.

    Премиерот Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата  „Текнопанел“ да инвестира во Северна Македонија, како прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар. Дополнително, што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја. Премиерот Заев подвлече дека двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, како и економската соработка, а голем број компании од Турција веќе работат во нашата земја.

    Компанијата „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да започне во 2022 година.

    Според инвестицискиот план и финансиски проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Според проекциите, се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи додека обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиони евра.

    Турската компанија „Текнопанел“ со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на  работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

    Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање на работни места со просечна нето -плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на плати од 5% годишно. Исто така ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно за прв пат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош.

    Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10 годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

    „Текнопанел“ е високотехнолошка компанија која произведува иновативни таканаречени „сендвич“ кровни панели кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар. Особено се користат за покривни површини на индустриски згради.

    Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично