Сопственикот на групата LVMH, Французинот Бернард Арно, кој го симна од тронот основачот на Амазон, Џеф Безос, сеуште е најбогатата личност на светот. Додека славниот инвеститор Ворен Бафет се најде на 6-то место на листата на милијардери на Форбс, односно од најбогатите луѓе во светот.
Иако се чини дека ивеститорите се натпреваруваат едни со други, Бафет, кој овој август полни 91 година, ужива во неговите секојдневни ритуали, како што се читање, работа и брза храна.
Во неколку интервјуа тој истакна: „Во мојата канцеларија нема да видите диплома од Универзитетот во Небраска или магистер од Универзитетот во Колумбија, но ќе видите сертификат што го добив на курсот на Дејл Карнеги“.
Дејл Карнеги беше американски писател и предавач и првенствено се занимаваше со вештини за личен развој, трговски вештини, развој на тимски дух, јавно обраќање и меѓучовечки вештини. Бафет верува дека тој, во образовна смисла, го обучил повеќе од споменатите образовни институции.
Тој исто така посочи дека книгата „Како да се освојат пријатели и да се влијае врз луѓето“, од Дејл Карнеги која е објавена во 1936 година, е „одговорна“ за да стане милионер. До 2011 година, повеќе од 30 милиони примероци од ова дело беа продадени ширум светот.
Дванаесет-неделниот курс, на кој присуствуваше Бафет, имаше за цел подобрување на социјалните вештини, со цел да се изгради доверба кај луѓето, што би било корисно и во деловниот и во приватниот живот.
Тоа е типична книга за самопомош, која во рекорден период оствари неверојатен успех: првите 5.000 примероци биле распродадени брзо, а во првата година биле лансирани 17 изданија.
Во моментов се смета за една од најпродаваните книги во историјата, а во 2011 година, Тајм ја прогласи за една од 100-те највлијателни книги досега. Значи, не случајно сопственикот на Беркшир Хатавеј, чие богатство денес се проценува на 109,5 милијарди долари, ја избра за свој „водич“ на патот кон успехот.