ПОВЕЌЕ

    Станува ли недела најатрактивен ден за работа, ако газдата мора да плати дупло повисока дневница

    Време зa читање: 2 минути

    Доколку сакаш да заработиш дупла дневница, ќе треба да те ангажира газдата и во недела. Оние кои на ангажираните работници нема да им исплатат повисока дневница ќе бидат санкционирани.

    Сите што ќе работат во недела ќе добијат двојно повисока дневница, уверува министерот Бектеши. Според предлог законот за трговски друштва се предвидува да работат моловите, трговците поедници, бензиските станици. Специјализирани продавници како што се занаетчиски дуќани во туристичките места. Тие ќе треба самите да го утврдат работното време кое не треба да биде подолго од 8 часа. Бектеши појасни дека без ограничувања ќе работат и угостителските објекти, а не во една смена како што беше претходно соопштено.

    Оние газди кои на ангажираните работници нема да им исплатат повисока дневница веднаш ќе бидат санкционирани.

    Од ССМ бараат пак сите правила на работниците да бидат регулирани во еден закон во законот за работни односи. Сметаат дека за поголем дел од работниците неделата треба да биде неработна. Со тоа работникот ќе има повеќе време за одмор и за семејството но ќе биде и попродуктивен на работното место.

    Според анализите неделата како неработен ден нема да има негативно влијание врз буџетот. Ова мерка ќе стартува од јанаури следната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично